Филмот „Валкан танц“ има скриена порака која малкумина ја имаат забележано

Филмот „Валкан танц“ има скриена порака која малкумина ја имаат забележано

Филмот „Валкан танц“ (Dirty Dancing) годинава го слави својот 30-ти роденден. По тој повод, сценаристката Еленор Бергстејн проговорила за важната порака на филмот која најчесто останува незабележана.

Филмот „Валкан танц“ има скриена порака која малкумина ја имаат забележано

Имено, овој филм луѓето го доживуваат како романтичен без некое подлабоко значење. Токму затоа многумина ќе се изненадат кога ќе сфатат дека филмот во себе носи важна порака поради која лесно би можел да се смести во категоријата на феминистички филмови. Сценаристката е горда на фактот што клучниот момент во заплетот на „Валкан танц“ е нелегалниот абортус.

Дејството во филмот е сместено во 1963 година. Семејството Хаусман оди на одмор во едно летувалиште. Френсис Бејби Хаусман (Џенифер Греј) таму запознава танчари задолжени за забавата на гостите. Кога танчарката Пени (Синтија Роудс) поради ненадејна бременост ќе одлучи да направи абортус за да не ја изгуби работата, Бејби ја заменува и заедно со нејзиниот партнер Џони (Патрик Свејзи) ја учи кореографијата која ќе мора да ја изведат на еден настап. Пени завршува во рацете на нестручен маж кој прави абортуси во нехигиенски услови, поради што нејзиниот живот е доведен до опасност, но доктор Хаусман ја спасува.

Филмот „Валкан танц“ има скриена порака која малкумина ја имаат забележано

Во овој навидум површен романтичен филм се крие искрена и реална приказна за нелегалниот абортус, а одлуката на Еленор Бергстејн да не ги тргне овие сцени го претворила филмот во потсетник на тоа колку е важно да им се овозможи на жените да ја прекинат бременоста во безбедни услови.

„Пред премиерата, еден национален спонзор го гледаше филмот и побара да го тргнеме абортусот од него. Филмот веќе беше готов, а студиото побара од мене да ја направам таа промена. Не можев да го направам тоа, бидејќи без абортусот Бејби не би имала причина да учи да танцува и да се заљуби во Џони, така што целата приказна би се распаднала. Некои луѓе коментираа дека приказната за абортусот е малку смешна затоа што филмот излезе во 1987 година, но дејството се случува во 1963 година, а за тој период ова не е смешна приказна“, изјавила Еленор.

Филмот „Валкан танц“ има скриена порака која малкумина ја имаат забележано

Во 1973 година американскиот врховен суд донел одлука за легализација на абортусот во САД и жените добиле право на абортус во безбедни услови. Бергстејн истражувала за филмовите кои ја обработуваат темата абортус и заклучила дека ретко кој од нив завршува со прекин на несаканата бременост.

„Открив дека радикалните феминистички филмови за несакана бременост завршуваат со одлуката на жената да го задржи детето. Во последните 30 години немало филм со легален абортус во него. Ова откритие многу ме изненади. Ние го вклучивме абортусот во нашиот филм и така ’потегнавме нога’ и другите да го направат истото“, заклучила сценаристката.

Сигурни сме дека по ова сознание никогаш повеќе нема да го гледате овој филм со исти очи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар