Феминистички цитати од 50-тите кои сè уште имаат големо значење

Феминистички цитати од 50-тите кои сè уште имаат големо значење

Феминизмот како револуционерно движење има претрпено големи промени во последниве 60 години, но во некои работи сепак останал ист. Токму затоа многу феминистички цитати од 50-тите сè уште се од големо значење и денес. Некои од битките се сменети, но најважно е да не се заборават основните елементи кои го карактеризирале ова движење: Напредно размислување, независност и цврста верба во еднаквост помеѓу половите.

5 феминистички цитати од 50-тите кои се уште имаат големо значење и денес

50-тите се интересен период за феминизмот. Ова е периодот помеѓу првиот и вториот бран на движењето, што значи дека тоа не било многу организирано, ниту пак имало некоја строго дефинирана структура. Но, жените сепак се бореле за еднаквост. Мажите штотуку се вратиле од Втората светска војна и ги притискале жените да ја напуштат својата работа. Меѓутоа, многу одбиле да го направат тоа, и правото на жената да работи под еднакви услови и за еднаква плата станало видлив национален проблем. Во 50-тите се објавени и неколку од првите феминистички текстови како што е „Вториот пол“ на Симон де Бовар, објавен на француски јазик во 1949 година.

Следуваат неколку цитати од жените кои оставиле голем печат во 50-тите и од кои сè уште можеме да научиме нешто:

„На речиси секое професионално поле, во бизнис, уметност или наука, жените се третирани како граѓани од втор ред. Би било одлично да им се каже на девојките кои планираат да работат во општеството да ја очекуваат оваа суптилна, непријатна дискриминација. Да им се каже да не молчат и да се надеваат дека ќе помине, но да се борат против тоа. Жената не треба да очекува посебни привилегии поради нејзиниот пол, но не треба ни да се привикне на предрасудите и дискриминацијата.“ – Бети Фридан, авторка

5 феминистички цитати од 50-тите кои се уште имаат големо значење и денес

„Претставувањето на светот онаков каков што е, е задача на мажите. Тие го опишуваат од нивна гледна точка, која ја мешаат со апсолутната вистина.“ – Симон де Бовар, авторка и филозоф

5 феминистички цитати од 50-тите кои се уште имаат големо значење и денес

„Инфериорноста на жената е производ на општествениот систем, кој произведува и негува безброј други нееднаквости, инфериорност, дискриминации и деградации. Но, оваа општествена историја се крие зад митот дека жените по природа се инфериорни во однос на мажите.“ – Евелин Рид, политичка активистка

5 феминистички цитати од 50-тите кои се уште имаат големо значење и денес

„Интелигентните возрасни луѓе мора да знаат што сакаат. Мора самите да управуваат со своите животи.“ – Маргарет Сенџер, активистка која ја измислила пилулата за спречување несакана бременост

5 феминистички цитати од 50-тите кои се уште имаат големо значење и денес


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар