Факти за мозокот што ќе ве натераат да се замислите
Автор: Мирослава Симоновска
Енергијата што ја троши мозокот кога човек е буден, може да запали сијалица од 23 до 25 вати.

Октоподот има 3 пати повеќе нервни клетки отколку човекот.

За да доживее девојката оргазам во текот на сексот, центарот во мозокот кој ги контролира стравот и анксиозноста, мора да е исклучен. Совет плус: Загрејте ѝ ги стапалата.

Ако крвните садови на мозокот се извадат, би можело да се направи патека долга 100.000 милји, која би ја заобиколила Земјата повеќе од 4 пати.

Кога нѐ боли глава, сигурно не е мозокот, зашто тој нема рецептори за болка. Докторите може да го оперираат мозокот дури и кога сме потполно будни, без анестезија и нема да чувствуваме ништо.

Љубовта боли – и тоа буквално, зашто рецепторите во мозокот за физичка и емоционална болка се исти.

Мозокот лачи хормон кој ни помага да не реагираме во сон. Затоа човекот е „парализиран“ додека спие и не ги прави дејствата што ги сонува. Ви олесна, нели?

Сите фетуси на почетокот се женски, но по осмата недела, ненадеен напад од машки хормони доаѓа од мозокот и ги убива женските гени.

Не можеме да се скокоткаме самите себе, заради малиот мозок кој го предупредува човековиот систем.

Големината е важна – особено кога се работи за онаа на рецепторот на хормонот вазопресин што влијае на исфрлањето вода преку урината. Колку што е подолг – толку е поверојатно човек да биде доверлив, лојален и верен.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
