Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

Дали сонувате да заминете на некој далечен остров? Ако тоа е вашата желба, сигурно ќе сакате да дознаете нешто повеќе за помалку познатите далечни места во светот. На Земјата постојат места кои се многу поразлични од „обичните“ острови. Овие места се толку оддалечени, што никогаш нема да мора да се грижите за место на плажата.

1. Божиќни острови

Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

Овој остров го добил името по денот кога е откриен

Со своето име, овој остров ќе ве натера да помислите само на едно нешто – одмор. Покриен со дождовни шуми, црвени ракови и долги плажи, Божиќниот Остров е на територија на Австралија и се наоѓа во Индискиот Океан. Островот е лоциран околу 1.500 километри од брегот на Австралија.

2. Велигденски Острови

Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

На овој остров има над 1.000 статуи кои датираат уште од 13-тиот век

Овој остров се наоѓа во Тихиот Океан на територија на Чиле. Оддалечен е околу 3.700 километри од брегот на Чиле, а долгиот лет до таму навистина вреди. Познат како Рапа Нуи на локалниот јазик, овој остров е полн со розови плажи, вулкани и неверојатни ливади.

3. Фарски Острови

Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

Овој остров има 50.000 жители и 70.000 овци

Како автономна држава во кралството Данска, Фарските Острови се состојат од 18 острови во Северна Европа. Иако се прекрасни, овие острови не се за сите. Ако барате плажи, ова место не е за вас. Бидејќи се наоѓа помеѓу Норвешка и Исланд, тоа е неверојатно за луѓето кои уживаат во природата и кои сакаат колоритни градови.

4. Островот Флорес, Азори, Португалија

Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

На овој остров живеат помалку од 4.000 луѓе

Како дел од архипелагот Азори, островот Флорес се наоѓа во северниот дел на Атлантскиот океан. Островот е на 1.500 километри од брегот на Португалија и 2.400 километри од брегот на Канада. Неговото име е како опис за островот. „Flores“ значи цветови на португалски, а ова место е полно со ливади.

5. Островот Хејмај, Исланд

Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот

На овој остров се наоѓа најбројното население на птицата пуфин. Во лето односот помеѓу луѓето и овие птици е 1.777 спрема 1

Со своите 13,5 километри квадратни, овој остров е навистина мал. Сепак е најнаселен остров на брегот на Исланд. Најдобро од сè е што не е многу популарен кај туристите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар