Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Многумина тврдат дека езерото Атабад е најубавиот бисер во Пакистан. Езерото со тиркизна боја во подножјето на импресивните планини стана туристичка атракција што ја посетуваат илјадници луѓе од целиот свет. Интересно е што езерото настанало сосема случајно, поради одрон кој земал многу човечки животи.

Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Природните катастрофи често предизвикуваат голема штета што ја трпат локалните жители. Сличен инцидент се случил во 2010-та година во северен Пакистан. Меѓутоа иако штетата била голема, катастрофата зад себе оставила нешто неверојатно.

Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Езерото Атабад лоцирано во Гоџал, во планинската долина Хунза настанало во 2010-та година во селото Атабад после голем одрон на карпи. Претходно местото било планински терен и село во кое воопшто не доаѓале туристи.

Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Одронот им го одзел животот на 20 селани и предизвикал невидена штета за илјадници луѓе во околината. Текот на реката Хунза бил блокиран пет месеци, а ова го оневозможило нормалниот живот во околните села. Покрај сето ова, никој не ни сонувал дека од нешто толку ужасно може да настане нешто преубаво. Езерото во јуни 2010-та година било долго 21 километар, а на некои места достигнувало длабочина и до 100 метри. Доколку мислите дека рајот не постои, погледнете ги неверојатните фотографии од езерото Атабад.

Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Езерото Атабад: Рајско место создадено од катастрофа

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар