Евтино и прекрасно: Декоративен венец од ролни од тоалетна хартија

Автор: Сара Турановиќ

Откако почна празничната еуфорија се трудиме што е можно почесто за вас да пронајдеме креативни празнични декорации кои би можеле да ги направите сами.

8-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

Станува збор за декоративен венец за врата направен од, нема да поверувате, ролни од тоалетна хартија. Елегантно и креативно.

1-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

Сè што ви е потребно е:
  • Ролни од тоалетна хартија
  • Спреј во зелена боја
  • Украсни црвени топчиња (по желба)
  • Ножици
  • Лепак

Секоја ролна испрскајте ја со спреј од внатрешната и надворешна страна и оставете да се исуши. Кога ќе се исуши, секоја ролна малку сплескајте ја и исечете ја на пет еднакви дела. Секој дел преставува еден лист од цветот. Лепете по пет ливчиња за да формирате еден цвет (како на сликата).

2-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk3-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

Кога ќе направите доволно цветови, почнете да ги лепите еден до друг за да добиете форма на круг, а потоа оставете лепакот да се исуши. Направете два круга, еден поголем и еден помал. Врз првиот поголем круг залепете го помалиот.

4-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk 5-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk6-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

Цветовите на горниот круг украсете ги со мали украсни црвени топчиња кои ќе го дадат тој посебен празничен ефект.

7-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk 8-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар