Едноставни тестови кои за само 10 секунди (или помалку) ќе ви кажат многу за вашето тело

Колку го познавате вашето тело? Погледнете ги следниве 10-секундни тестови кои можат да ви откријат многу интересни нешта за вас и вашето тело…

Кое од вашите очи е доминантно?

(1) Едноставни тестови кои за само 10 секунди (или помалку) ќе ви кажат многу за вашето тело

Наместете ги рацете така што со нив ќе формирате празен триаголник, а потоа насочете го погледот кон некој објект пред вас. Прво затворете го левото око и ако објектот сè уште е во вашиот видик, тоа значи дека десното око ви е доминантно. Доколку го затворите десното око, а објектот ви остане во видик, тоа значи дека левото око ви е доминантно.

Како им звучи вашиот глас на другите луѓе?

(2) Едноставни тестови кои за само 10 секунди (или помалку) ќе ви кажат многу за вашето тело

Овој тест го насочува звукот од вашиот глас да патува околу собата пред да пристигне до вашите уши, па токму затоа и ќе го чуете онака како што го слушаат другите. Големи се шансите дека звукот ќе биде многу повисок отколку што очекувавте, поради разликата помеѓу спроводливоста на воздухот и на коската при пренесувањето.

На колку тестостерон сте биле изложени во матката?

(3) Едноставни тестови кои за само 10 секунди (или помалку) ќе ви кажат многу за вашето тело

Пред раѓањето, хормоните како естрогенот и тестостеронот ги контролираат гените кои за возврат ја диктираат должината на прстите. Разликите во нивната должина постојано се поврзуваат со голем број човечки карактеристики, започнувајќи од агресија, па сè до музички способности и сексуална ориентација. Постои поврзаност дури и со здравствените проблеми како аутизмот, депресијата, срцевиот удар и ракот.

Погледнете го целосното видео и откријте ги сите забавни начини на кои можете да се тестирате…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар