Едноставна навика што му помогнала на Бетовен да стане генијалец

Дали сте знаеле дека прошетката може да ви помогне да ја зголемите вашата креативност и да си го подобрите животот? Познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен многу добро го знаел тоа. Имено, тој после секој ручек одел на долги прошетки во шумата. Со себе секогаш носел молив и неколку листови хартија за да ги запише нотите што му паѓале на памет. Сличен метод користеле и неговите колеги Густав Малер и Бенџамин Бритен.

Едноставна навика што му помогнала на Бетовен да стане генијалец

Научниците од Универзитетот Стенфорд докажале дека прошетката го поттикнува креативното размислување. Постојат неколку факти што го објаснуваат ова. Одењето е најлесниот и најсигурниот пат до здраво тело и дух. Предностите на одењето се тоа што тогаш организмот подобро функционира, се врши подобра размена на енергијата и се вдишува повеќе кислород. Телото се релаксира и по краткиот умор, изгубената сила се враќа, а сонот станува поздрав и поквалитетен.

Експертите тврдат дека овој вид активност го подобрува животот за 27%. За време на одењето доаѓа до лачење ендорфин, хормон што предизвикува добро расположение. Меѓутоа, одењето не само што го подобрува здравјето туку и го поттикнува креативното размислување. Неодамнешните истражувања покажале дека шетањето ја зголемува креативноста дури за 60%. Шетањето ни помага да останеме смирени и концентрирани дури и во напнатите ситуации.

Бетовен и многу други големи луѓе ја користеле прошетката како одмор. По завршувањето со работата, тој сакал да оди на прошетка и тогаш постоеле големи шанси да доживее големо откровение, бидејќи креативноста се јавува кога ќе се искомбинираат напорната работа и анализата на сработеното.

Американските истражувачи откриле дека енергичната прошетка 3 пати неделно го зголемува хипокампусот, а тоа е важен дел од мозокот кој влијае на краткотрајната и долготрајната меморија и на анализата на примените информации.

Освен тоа, голем број истражувања спроведени на постари луѓе покажале дека прошетката е многу корисна за спречување или забавување на појавата што доведува до губење на меморијата и деменција, но и за зачувување на способноста за учење.

Гледањето во компјутерот и многуте работни обврски со кои сте окупирани го блокираат вашето креативно размислување. Природата и чистиот воздух му помагаат на вашиот мозок да се одмори.

Исто така, познато е дека зелената боја е боја на рамнотежата и дека прошетката во природа веднаш доведува до ослободување од стресот. Истражувањата спроведени на Универзитетот Харвард докажале дека луѓето кои редовно шетаат имаат помали проблеми со воспоставување рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот. Овие луѓе подобро го организираат времето, имаат поголема самодоверба и полесно наоѓаат баланс. Станете дел од нив и излезете на прошетка!

Доколку не ве убедивме, прочитајте зошто шетањето на ладен воздух е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар