Добри вести: Мажите сакаат да се во врска со жени кои се поинтелигентни од нив

Митот дека жената со кариера има проблеми при наоѓањето маж е токму тоа, само мит. Според една нова студија, сингл мажите велат дека би сакале да го направат истото како Џорџ Клуни, односно да си најдат успешна и интелигентна жена со која би сакале да изградат заеднички живот.

Добри вести: Мажите сакаат да се во врска со жени кои се поинтелигентни од нив

Студијата била спроведена од страна на веб-сајтот „Match“, а во неа учествувале 5.675 луѓе кои не биле во врска. Тие одговарале на прашања за нивните животи, вредности и за она што го бараат во партнерот. Резултатите се неверојатно оптимистички. 44% од мажите изјавиле дека бараат жена која е независна и со кариера, додека пак неверојатни 88% од мажите изјавиле дека би сакале да бидат во врска со жена која заработува повеќе пари, има подобро образование и е поинтелигентна од нив. 43% кажале дека сакаат жена со слично ниво на образование и скоро половина од нив изјавиле дека не би сакале врска во која жената е помалку образована од нив.

Но, дури и покрај тоа што мажите бараат „подобри“ партнерки од себе кога станува збор за мозокот, жените воопшто не се заинтересирани да бидат во врска со помалку интелигентни мажи. Повеќе од половина сингл жени изјавиле дека не би сакале да се состануваат со помалку интелигентен партнер и неверојатни 86% изјавиле дека би сакале партнер кој во поглед на интелигенцијата е на исто ниво како нив. Кај жените парите се помал проблем, бидејќи скоро половина од нив изјавиле дека не ги интересира заработката на мажите во однос на нивната.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар