Џиновската патека - неоткриена ирска убавина

Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

Автор: Марија Смокварска

Природната симетрија е нешто што сме навикнале да го забележуваме кај цвеќињата, инсектите или тигровата глава, меѓутоа во геологијата, таа поретко се наоѓа, а кога ќе се појави, предизвикува чудење. Таков пример е Џиновската патека (Giant’s Causeway), предел во северниот дел на ирскиот брег. Тука природата на спектакуларен начин ја покажала својата математичка генијалност и создала десетици илјади повеќестрани столбови, набиени едни до други, како да се џиновски купчиња од моливи.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаОд далечина, оваа област изгледа како да е само еден дел од волшебниот брег на грофовијата Антрим, но одеднаш паѓа во очи необичниот коцкест ‘рт. Тој се простира од подножјето на стрмните карпи и постепено се спушта во морето како огромни, грубо изработени шини за извлекување бродови. За миг ќе останете збунети. Изгледа како компјутерска графика на некоја видео игра, но вистината е дека овој необичен каприц на природата е стар 60 милиони години.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаБазалтните столбови на Џиновската патека имаат пречник од 460 мм а висината им се движи и до 12 метри. Козвеј на најширокото место е широк 180 метри, се протега 150 метри во морето и содржи 40.000 столбови. Во текот на минатите милениуми, глечерската ерозија од леденото време, како и неуморното удирање на атлантските бранови постепено го обликувале Џајантс Козвеј, така што брановите многу често ги однесуваат горните делови од столбовите, па затоа имаат скалест изглед.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаВо прегратките на овие природни шестоаголници егзистираат огромен број животни и растенија од кои посебно интересни се црвените цевконоски (вид птица) кои локалното население често ги нарекува „дрвени крилја” поради вкочанетото држење што го имаат кога лебдат на ветрот.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаСлични базалтни творби има и на островот Стафа кој се наоѓа на западниот брег на Шкотска. Џиновската патека, всушност изгледа како пат што води од Ирска до Стафа, а така се создала и легендата според која го добила името. Џинот од таа приказна е големиот ирски митолошки јунак Фил МекКул (Finn MacCool), кој бил водич на група војници наречени Фијана. Според легендата, тој бил бестрашен херој кој го изградил овој пат поради љубов и верност. Забивал столб по столб, за да направи патека по која неговата сакана – женски џин, ќе може од островот Стафа да ја посети Ирска, а притоа да не ги натопи нозете. Нели е ова прекрасно? Прекрасно место за посета и дефинитивно прекрасна легенда за паметење.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.