Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Треба секогаш да ги поддржувате природните таленти на вашите деца. И ако ги негувате, ќе се случат неверојатни работи. Така мислеле и родителите на деветгодишниот Џо Вејл кога го охрабриле нивниот син да продолжи да црта, иако имал проблеми поради тоа што „чкрткал“ на час. Сите негови тетратки се покриени со „чкртки“.

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Тие го испратиле Џо на часови по сликарство по училиште и неговиот уметнички талент бил брзо забележан од тие околу него. Всушност, Џо бил поканет да ги декорира ѕидовите во ресторанот „Намбр 4“ во Шроусбери, Англија. Сега Џо е познат како „Момчето што чкртка“ и има свој веб-сајт како и профили на социјалните медиуми каде што ја покажува својата неверојатна уметност.

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Според таткото на Џо, Грег, неговиот син отсекогаш сакал да црта поради што бил ставен на листата на надарени деца во неговото основно училиште на возраст од 4 години. Во регистарот на надарени деца бил и неговиот идентичен брат близнак Џеси.

На учителот во уметничко училиште му се допаднала уметноста на Џо, па тој ја споделил на Инстаграм. Цртежите на Џо биле веднаш забележани од персоналот во ресторанот „Набмр 4“ кои го поканиле да ја изрази неговата уметност во нивниот простор. Па така, неговиот татко почнал да го носи во ресторанот каде тој црта колку сака. Кој би рекол дека часовите по уметност ќе му ја донесат и првата работа на Џо на само 9 години.

„Тие сакаа Џо да нацрта негово дело на ѕидот во главната трпезарија во ресторанот, а ние бевме пресреќни“ – вели Грег. „Јас му го кажав тоа на Џо и тој веднаш ја прифати можноста, па така одиме во ресторанот по неколку часа, по часовите и тој таму ја остава својата креативност на ѕидовите.“

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Татко му на Џо вели дека Џо за 12 часа ги дизајнирал ѕидовите во ресторанот. Тој исто така има и совет за родителите кои сакаат да ги охрабрат нивните деца да ги развијат талентите, па изјавил:

„Би ги советувал родителите секогаш да ги охрабруваат своите деца да ја следат својата страст и соништата – истражете дали има уметнички работилници во вашиот град.“

Кога некои родители ќе добијат забелешки на училиште заради однесувањето на нивните деца тие веднаш пробуваат да ги сменат. Но, други го препознаваат талентот и им оставаат простор да се развиваат.

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Количеството на имагинација во цртежите на Џо е инспиративно и тој е на добар пат да стане уметник.

„Тој сака да црта и ние сме горди на сè што има постигнато. Фактот дека претставници од бизнисот побараа од него да направи дело за нив е неверојатен.“

Според стручните лица важно е да ги поддржите талентот, амбициите, целите, соништата и желбите на вашите деца, иако тоа кон што целат можеби не се поклопува со вашата визија за нивната иднина. Исто така, важно е родителите да воочат што детето го интересира, а што не и кога детето ќе наиде на потешкотија да го охрабрат и да го поддржат.

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Деветгодишното дете кое правело чкртки на час се вработило како декоратор на ѕидови во ресторан

Погледнете го и ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар