Дали мажите се навистина поромантични од жените?

Дали мажите се навистина поромантични од жените?

Романтизмот, како што се дефинира според социјалните психолози, е поглед кон врските во кој љубовта треба да е најважниот критериум при изборот на партнерот. Оние кои имаат високо романтично сфаќање за љубовта веруваат дека нивната љубов ќе биде совршена и дека сите ние можеме да доживееме само една вистинска љубов во нашиот живот. Но, дали постојат разлики помеѓу мажите и жените во поглед на романтичноста? За да се открие одговорот на ова прашање, мора прво да се погледнат резултатите на мажите и жените кои го направиле добро познатиот психолошки тест за мерење на романтичноста наречен „Romantic Beliefs Scale“.

Дали мажите се навистина поромантични од жените?

Прашалникот барал од испитаниците да одговорат колку се согласуваат со тврдењата како „За мене ќе има само една вистинска љубов“, „Ако сакам некого, знам дека можам да направам нашата врска да функционира, без разлика на пречките“ или пак, „Личноста која ја сакам ќе биде мојот совршен романтичен партнер, на пример, тој/таа целосно ќе ме прифаќа, сака и разбира.“ Истражувачите кои ја развиле оваа скала откриле дека во просек, мажите постигнуваат повисоки резултати од жените.

Дали е можно мажите навистина да се безнадежни романтичари? Според науката, не постои вистина позади филозофијата „мажите се мажи, тие едноставно не се толку романтични“. Д-р Гвендолин Сеидман вели дека мажите всушност се многу поромантични од жените и за да ја илустрира својата теорија, таа направила ревизија на голем број интернет истражувања, вклучувајќи ги и резултатите од тестот „Romantic Beliefs Scale“.

Нејзините резултати покажале дека мажите навистина постигнуваат повисоки резултати од жените, повеќе веруваат во љубов на прв поглед, најчесто први кажуваат „Те сакам“, но чувствуваат и поголема среќа откако за прв пат ќе ги слушнат овие 2 збора. Тие исто така ставаат и поголем акцент на страста во нивната врска отколку жените.

За да може да се сфатат овие контраинтуитивни разлики помеѓу половите, мора да се насочиме и кон еволутивната психологија. Жените имаат тенденција да бидат многу попрагматични кога станува збор за потрагата по партнер. Токму затоа тие веруваат дека љубовта треба да се развива побавно и повнимателно пред да одлучат целосно да се препуштат во врската. Според еволутивната теорија, жените мора да бидат поселективни кога одбираат партнери бидејќи мора да инвестираат повеќе како родители поради својата биолошка потреба. Токму затоа ставот „љубов на прв поглед“ може да предизвика да влезат во врска со неоптимален партнер, а тоа да резултира со не толку здрави потомци. Од друга страна пак, мажите кои имаат повисок биолошки потенцијал за повеќе наследници, од еволутивна гледна точка, немаат толку голема потреба да бидат внимателни во својот избор на партнерка, па токму затоа многу полесно и побрзо целосно се впуштаат во романтичните врски и токму ова однесување е она кое ги прави поромантични од жените.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар