Дали луѓето навистина употребуваат само 10 проценти од мозокот?

Колку би било добро доколку човечкиот мозок би имал недопрени 90 проценти резерва која би била наменета за видовити моќи, за учество на квизови на знаење или пак за помнење на имињата на роднините на собири. Но, за жал фактите ни укажуваат дека одговорот на ова прашање е „НЕ“!

Дали луѓето навистина употребуваат само 10 проценти од мозокот?

За добро или лошо, мозоците на поголемиот број од луѓето работат со целосен капацитет. Потеклото на овој мит не е многу јасно, но тоа што го знаеме со сигурност се резултатите од истражувањето спроведено на оваа тема. Различни скенирања на мозокот покажале дека голем дел од него постојано е во употреба и покрај тоа што луѓето не ги користат сите мускулни групи одеднаш и секако во даден момент не го користат целиот мозок.

Ова „верување“ исто така нема логика ни од еволутивна перспектива. Ние не употребуваме само 10 проценти ни од другите органи (како срцето, белите дробови или црниот дроб), па тогаш зошто би требало да мислиме дека приказната со мозокот е поразлична?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. MrSmartGuy Reply

    Multi core processing e iskluceno xD

Остави коментар