Дали имате шесто сетило? 6 знаци кои покажуваат дека сте чувствителни на енергија

Сигурно веќе сте забележале дека постојат разлики во нашите сензорни способности. Некои луѓе тврдат дека гледаат многу добро, додека пак, другите не догледуваат. Некои велат дека имаат одличен слух, додека пак други едвај слушаат. Истото се случува и со чувствителноста на енергија или како што некои ја нарекуваат, „шесто сетило“.

Дали имате шесто сетило? 6 знаци кои покажуваат дека сте чувствителни на енергија

Кога ќе ја расклопите реалноста, сè е составено од само едно нешто – вибрационата енергија. Некои луѓе се многу свесни за присуството на оваа енергија која ги опколува, па токму затоа и можат да почувствуваат кога таа е висока, а кога ниска. Тие лесно прават разлика помеѓу „добри“ и „лоши“ вибрации. Други пак, не успеваат во тоа. Па, дали и вие сте чувствителни на енергија?

1. Длабока емпатија за другите

Тие често можат да забележат кога во нивна близина има личност која е вознемирена или повредена. Оние личности кои се чувствителни на енергија најчесто први реагираат и без размислување ќе ви помогнат, ќе ве прегрнат, ќе ви подадат рака или едноставно ќе ве ислушаат. Овие луѓе најчесто ги чувствуваат туѓите емоции и многу лесно можат да ги разберат оние кои страдаат.

2. Емоционална луда железница

Да се има изострено чувство за вибрационата енергија многу често значи и дека вашите емоции ќе се движат од една крајност во друга. Токму затоа и за овие луѓе се потребни специјални планови со цел да можат да се „подигнат“ кога ќе паднат под влијание на негативните емоции.

3. Склоност кон зависности

Да се биде чувствителен на енергија значи и дека ќе чувствувате многу повеќе од повеќето. За да ја избегнат негативната вибрациона енергија, овие индивидуи имаат тенденција да се потпрат на супстанци како дрога или алкохол со цел да ја отрпнат болката која настанува од негативниот сензорен влез. Тие исто така имаат склоност и кон друг вид зависности, како коцкање, храна…

4. Одлични судии на карактери

Оние кои се чувствителни на енергија многу често се свесни за мотивациите на другите луѓе и  едноставно знаат кога некој носи лоши вести. Ова може да биде многу корисна алатка, бидејќи благодарение на неа тие многу потешко можат да бидат искористени.

5. Можност за интровертност

Не сите чувствителни личности се интроверти, но повеќето дефинитивно спаѓаат во оваа категорија. Може да биде многу застрашувачко да се примат сите емоции на другите луѓе, па токму затоа овие личности мораат одвреме-навреме да се повлечат и да си овозможат време за себе со цел да се стабилизираат.

6. Добивање знаци

Луѓето кои се чувствителни на енергија имаат многу поголеми шанси да бидат свесни и за знаците кои универзумот им ги испраќа. Тие исто така имаат и поголеми шанси да најдат значење во настани и околности кои повеќето луѓе ги доживуваат како случајни.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар