Дали и вам храната ви е утеха? Решете го овој тест и дознајте!

Дали и вам храната ви е утеха? Решете го овој тест и дознајте!

Ако постојано испробувате нови диети, а потоа од разочарување јадете премногу, големи се шансите дека јадете за да се утешите, а не затоа што сте гладни. Според хипнотерапевтот Том Фортс Мајер, решението на овој проблем не се состои во намалување на калориите, туку во детално набљудување на сопствените емоции. Тој смета дека поголемиот дел од луѓето претерано јадат поради неразрешените емотивни проблеми кои понекогаш ги кријат и од самите себе.

Тој истакнува дека луѓето кои се под стрес несвесно јадат и затоа потоа се посветуваат на јо-јо диетите, а кога не можат да ги истраат, следува нов период на тага и депресија. За да дознаете дали и вие сте дел од оваа група луѓе, Мајер предлага да го решите овој едноставен квиз. Сѐ што треба да направите е да го одберете одговорот кој најдобро ве опишува и на крај само да ги преброите поените.

0-dali-i-vam-hranata-vi-e-uteha-reshete-go-ovoj-test-i-doznajte-kafepauza.mk

1. Како би се опишале себеси кога сте тажни, лути или под стрес?

а) Се прејадувам со слатка и мрсна храна.

б) Посегнувам по храна, но одбирам здрава храна.

в) Си давам себеси да размислам за она што го чувствувам, се релаксирам и се обидувам да сослушам што е всушност суштината на тие негативни емоции.

2. Дали можете да разговарате со некој околу тоа што ве мачи?

а) Избегнувам да размислувам за тешкотиите од минатото. Не сакам да зборувам за тоа. Не опростувам лесно.

б) Мислам дека минатото треба да си остане минато. Не размислувам околу нештата што не можам да ги променам, но можам да разговарам за голем дел од нештата кои ме повредиле и знам да опростувам.

в) Разбирам дека клучот за среќа е искреноста кон себеси и кон другите. Можам да зборувам за сѐ.

3. Кој од следниве искази најдобро ве опишува кога е во прашање бесот?

а) Можам лесно да се налутам и никогаш не заборавам кој што ми згрешил. Некогаш кога ќе се налутам можам да експлодирам од бес.

б) Луѓето ме фрустрираат, но сепак некои работи сакам да ги направам поинаку и избегнувам отворено да ја покажувам мојата лутина.

в) Преземам целосна одговорност за своите чувства. Ако сум лут/а на некого и согледам дека јас сум виновен/на, брзо се смирувам и можам да се извинам доколку моето однесување повредило некого.

4. Кој од следниве искази најдобро го опишува вашиот однос кон себеси?

а) Не се чувствувам добро во својата кожа, тешко прифаќам комплименти и честопати сум лош/а кон себе.

б) Некои делови од мојата личност си ги сакам, а некои не можам да ги смислам. Не сум си најголем обожавател, но можам да се поднесам.

в) Се гордеам со она што сум, се грижам за себеси и се надградувам.

  • Решение:

    Најмногу одговори под А:

    Доколку имате најмногу одговори под А, тоа значи дека тешко се справувате со емоциите. Во себе носите нерешени фрустрации и проблеми кои ве спречуваат да продолжите понатаму и ви ги намалуваат шансите да бидете здрави и среќни. Емоционалната детоксикација може да ви помогне да се релаксирате, да се сакате себеси и луѓето околу вас.

    Најмногу одговори под Б:

    Имате здрав однос кон себеси и вашите емоции, но не би ви штетело да научите некои техники за ослободување од канџите на минатото. Кога ќе се ослободите од минатото, ќе се чувствувате уште подобро во својата кожа и ќе ви биде полесно да се прифатите себеси и вашето тело онакви какви што навистина се.

    Најмногу одговори под В:

    Вие може да се пофалите со емоционална интелигенција на која многу луѓе би ѝ завиделе. Благодарение на неа, успевате да ги пребродите негативните мисли и чувства без храната како утеха. Тоа значи дека добро се разбирате себеси и можете да си помогнете да бидете поздрави и посреќни. Бидејќи преземате целосна одговорност за вашите чувства, вие ја имате моќта да го контролирате вашиот живот и да ги цените сите убавини во него.

Како да се справите со негативните емоции?

Според Мејер, најнездравиот аспект на храната како утеха е тоа што луѓето ја игнорираат пораката која самите себе си ја праќаат – а тоа е дека се несреќни.

„Негативните емоции се знаци кои можат да ви го подобрат животот. Ако ги игнорирате вашите чувства, можете да пропуштите важна порака и поради тоа да ви биде потешко да се справите со секојдневието.“

Започнете да се слушате себеси и вашите емоции за да ги искористите емоциите како компас кој ќе ве изведе на правиот пат до среќата и здравјето.

Најважниот дел од промената на нечија телесна е форма е исфрлањето на внатрешната тага и бес. Тогаш добивате нова шанса правилно да го изградите вашиот живот без потреба празнините во душата да ги пополнувате со храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар