Дали е неопходно да ја исперете новата облека пред да ја облечете?

Одењето во омилената продавница и купувањето нова облека може да го подобри расположението на речиси секого. Дали и вие, како и повеќето, уште некое време ја пробувате новата облека откако ќе се вратите од шопинг?

Дали е неопходно да ја исперете новата облека пред да ја облечете?

Иако оваа домашна модна ревија може да биде навистина забавна, често не размислуваме какви последици има на нашето здравје. Имено, неиспраната нова облека може да биде опасна поради разните алергии што може да ги предизвика. Од овде потекнува и прашањето: Дали треба да ја переме новата облека пред да ја облечеме прв пат?

Според најновото истражување на Националната агенција за здравствено осигурување од Франција, неопходно е да ја исперете новата облека за да ги избегнете алергиите од одредени хемикалии што се користат при нејзината изработка.

Од јануари 2017-та година, агенцијата започнала истражување со одредени пациенти со цел да го открие влијанието на штетните хемикалии на облеката и обувките. Некои од хемикалиите најдени на гардеробата биле бензидин, хексавалентен хром и никел.

На новата облека може да има остатоци и од хемикалии како формалдехид кој може да биде опасен, а се користи за одржување на лешовите и деловите од тело на покојните. Во текстилната индустрија се користи за да се спречи гужвањето на материјалот и појавата на мувла. Неговата количина е регулирана со законска граница која многу често е надмината. Од агенцијата побарале да се намали и нивото на хексавалентниот хром во кожните чевли за да се избегнат алергиите.

Ако имате иритација или алергија по купувањето нова облека или обувки, веднаш посетете лекар или дерматолог за да го откриете изворот на проблемот. За да избегнете слични ситуации, не заборавајте да ја исперете новата гардероба пред да ја облечете.

Дознајте како правилно да ја перете вашата облека.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар