Дали човечкото тело навистина се обновува на секои 7 години?

Овој концепт е навистина совршен – на секои 7 години станувате потполна нова личност. Но дали станува збор за вистински факт, или сепак е само мит?

Дали човечкото тело навистина се обновува на секои 7 години?

Раѓање на клетките

За да разберете колку често се менуваат клетките, потребно е да знаете како настануваат. Телото може да создава нови клетки на неколку начини – со митоза или од матични клетки.

Матичните клетки се посебни и иако ги има во телото, нивниот број е премногу мал. Тие не само што можат да создаваат сопствени копии со помош на митоза, туку можат да направат и нови, „специјализирани“ клетки, како на пример крвни, нервни и слично, кои не можат да создадат нивни копии.

За да се контролира растот на новите клетки, старите треба да умираат. Оваа „програмирана“ клеточна смрт е неопходна за да имаме одвоени прсти на рацете и на стапалата. Покрај тоа, големиот број клетки имаат свој рок на траење и после одредено време умираат.

Разлики помеѓу клетките

Не сите клетки во организмот имаат ист животен век. Ова значи дека некои клетки се обновуваат многу брзо, во просек на секои 2 дена, додека другите се менуваат на секои 2 до 3 недели, како на пример кожните клетки.

Од друга страна, црвените крвни зрнца живеат околу 4 месеци. Белите крвни зрнца, главните „војници“ во нашето тело, можат да траат од неколку денови, до малку повеќе од една недела. Најдолго живеат масните клетки, односно 10 години во просек, како и клетките од кои се направени нашите коски кои се регенерираат на секои 10 години.

Значи, иако концептот е совршен, за жал не е вистина. Најверојатно не се ни сеќавате кога прв пат сте налетале на оваа теорија, но овој мит за 7-те години не одговара ни за просечниот животен век на просечните клетки на човечкиот организам.

Прочитајте ги и овие неверојатни научни факти за човечкото тело.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар