Цвеќињата биле оние што ги убивале диносаурусите, астероидот само го забрзал процесот

Цвеќињата биле оние што ги убивале диносаурусите, астероидот само го забрзал процесот

Досегашните докази дека ударот на астероидот бил кобен за диносаурусите како вид не се спорни, но понови истражувања покажале дека овие суштества веќе биле на раб на изумирање пред да се случи познатиот момент од историјата.

Како навистина започнал процесот на исчезнување на диносаурусите?

Според студија објавена во списанието „Ideas in Ecology and Evolution“, диносаурусите се хранеле и со растенија, меѓу кои имало и многу отровни, кои полека, со тек на време, предизвикувале смртност. Оваа идеја води до издржана претпоставка дека старите изумрени жители на оваа планета веќе биле во голема опасност, а астероидот само им го скратил времето.

Еден од авторите на студијата, психологот Гордон Галуп од Универзитетот во Албени, тврди дека диносаурусите еволуирале бавно и немале инстинкт за препознавање на опасностите во природата. Наместо тоа, тие продолжиле да консумираат отровни растенија, кои им предизвикувале гастроинтестинални проблеми, но и полека ги убивале.

До овие сознанија е дојдено по токсиколошки анализи на фосилни остатоци.

„Астероидот е тој што конечно ги убил, но диносаурусите не биле способни да научат и запаметат која е храната што им прави проблеми и да ја избегнуваат“, изјавил Галуп по повод истражувањето.

Во текот на изработката на студијата биле истражувани и птици и крокодили (за кои се верува дека се потомци на диносаурусите), по што е дојдено до заклучок дека птиците развиваат аверзија кон опасна храна, додека пак крокодилите голтаат сè што ќе проценат дека е за јадење.

Прочитајте и 13 митови за диносаурусите кои не се точни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар