Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

Денес живееме во свет растргнат од омраза во кој заканата од терор и војна постојано демне над некое делче од земјината топка. Ја чувствуваме болката на угнетените, понижените и оние кои ја немале таа среќа да се родат и да живеат во нормални човечки околности. Бесни сме секогаш кога ќе видиме дека постојат луѓе некаде, на некое друго место, кои се борат за основните човекови права. Во овие несигурни времиња, кога секој од нас се плаши за сопствената и иднината на своите деца и внуци, да се обидеме да најдеме зрак утеха во зборовите на овие големи борци.

Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

„Господ е ист насекаде.“ – Толстој

„Лишувањето на луѓето од нивните човекови права е како да им се оспорува нивната човечка природа.“ – Нелсон Мандела

„Прошката ја лечи душата и го отстранува стравот. Затоа е толку моќно оружје.“ – Нелсон Мандела

„Темнината не може да ја сотре темнината: само светлината го може тоа. Омразата не може да ја сотре омразата: само љубовта го може тоа.“ – Мартин Лутер Кинг

„Ненасилството не значи само избегнување на надворешното физичко насилство туку и отсуство на внатрешното насилство на духот. Не само што одбивате и да пукате во човекот туку одбивате и да го мразите.“ – Мартин Лутер Кинг

„Не дозволувајте нечие однесување да ви го уништи внатрешниот мир.“ – Далај Лама

„Доколку самите себе не се промениме, доколку не носиме мир во себе, тогаш не може да има светски мир.“ – Далај Лама

„Мојата религија се заснова на вистината и ненасилството.“ – Махатма Ганди

„Колку повеќе пари трошите на оружје, толку помалку пари трошите на луѓе! Повеќе оружје, помалку среќа; повеќе пушки, повеќе мизерија!“ – Мехмет Мурат Илдан

„Ништо нема да стави крај на војната доколку самите луѓе не одбијат да војуваат.“ – Алберт Ајнштајн

„Никогаш немало добра војна или лош мир.“ – Бенџамин Френклин

„Мирот е доблеста на цивилизацијата. Војната е неговото злосторство.“ – Виктор Иго

Откако ги прочитавте овие безвременски цитати, можеби ќе сакате да прочитате и за предвидувањето на следната светска војна со помош на статистика.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар