Цитати за скршеното срце што ќе ви помогнат да продолжите понатаму

Цитати за скршеното срце што ќе ви помогнат да продолжите понатаму

Можеби нема полошо од тоа да треба да го преболувате бившиот партнер додека срцето ви е скршено. Но кога ќе го споделите вашето искуство со некого, или кога ќе ја слушнете приказната на некој што поминал низ истото, може да ви биде полесно да го надминете тој период. Па, прочитајте ги мислите на луѓе кои го искусиле, но и го преживеале скршеното срце.

Цитати за скршеното срце што ќе ви помогнат да преболите

„Како можете да го заборавите денот кога ви го скршиле срцето? Смешно е што скршеното срце не е смртоносно. Иако посакувате да биде, животот продолжува и немате избор освен да продолжите со него. Земете ја раката што ви ја поделила судбината и движете се напред, бидејќи не можете да направите ништо друго.“ – Трејси Вајнгар

„Секогаш кога ви е скршено срцето, се отвора врата кон свет полн со нови почетоци, нови можности.“ – Пати Робертс

„Кога станува збор за љубовта и за загубата, прифаќањето никогаш не е лесно. Не можеме да натераме некого да го види сето она што имаме да го дадеме, да го натераме да нè сака или да го натераме да се промени. Сè што можеме да направиме е да продолжиме понатаму и да престанеме да трошиме време.“ – Април Мае Монтероса

„Го прашувате секој што го познавате: Колку долго треба за да се преболи? Постојат многу формули. Една година за секоја година што сте биле заедно. Две години за секоја година што сте биле заедно. Важна е волјата. Денот кога ќе одлучите дека е готово, готово е.“ – Џунот Диаз

„Колку и да сте сакале некој да ве посакува, не сте можеле да направите ништо. Што и да сте направиле за него, што и да сте му дале, што и да сте му дозволиле да земе, може никогаш да не биде доволно. Никогаш доволно. Никогаш доволно да го задоволи. Никогаш доволно да престане да си оди. Никогаш доволно да го натерате да ве сака.“ – Мана Френсис

„Тоа е тапо чувство, кршењето на вашето срце, како звукот на камче кое паѓа во песокот. Не е кршење, не е кинење, нема ништо величествено за чувството. Тоа е само внатрешно сфаќање дека нешто скапоцено што не сте знаеле дека го имате, ве напушта засекогаш.“ – Саманта Брус Бенџамин

„Со времето болката се намалува, телото заздравува и мозокот наоѓа нови начини да продолжи понатаму.“ – Фредерик Чини

„Знам дека моето срце нема никогаш да биде исто, но си кажувам дека ќе бидам во ред.“ – Сара Еванс

„Јас сум многу среќна, воздржана, мала личност и покрај моето скршено срце.“ – Л. М. Монтгомери

„Два збора. Седум букви. Можат или да ве отворат, или да ве остават во болка, или да ви ја ослободат душата и да ви тргнат голем товар од рамената. Фразата е: Готово е.“ – Меги Ричард

„Ќе дојде време во животот кога ќе треба да одлучите да ја свртите страницата, да напишете нова книга, или едноставно да ја затворите.“ – Шенон Л. Алдер

„Најзбунети ќе бидете кога ќе се обидувате да ги убедите вашите срце и дух во нешто што вашиот ум знае дека е лага.“ – Шенон Л. Алдер

„Никогаш не дозволувајте некој да ви биде приоритет додека дозволувате да бидете негова опција.“ – Марк Твен

„Само со вистинска љубов и сочувство можеме да почнеме да го поправаме она што е погрешно во светот. Ова се двете благословени нешта што можат да ги излечат сите скршени срца.“ – Стив Мараболи

„Најтешкиот аспект од преболувањето е прифаќањето дека другата личност веќе ве преболела.“ – Фарааз Кази

„Мислам, не сум експерт за љубов, но сум сигурен дека момчето што прави секој ден да плачете не е вашата сродна душа.“

„Срцата можат да се скршат. Да, срцата можат да се скршат. Понекогаш помислувам дека би било подобро да умираме кога ќе го направат тоа, но не е така.“ – Стивен Кинг

„Не плачам за тебе, не вредиш. Плачам бидејќи мојата илузија за тоа кој беше, беше уништена од вистината за тоа кој си.“ – Стив Мараболи

„Скршеното срце е благослов од Бог. Тоа е негов начин да ве натера да сфатите дека ве спасил од погрешниот.“

„Понекогаш на вашето срце му е потребно повеќе време да го прифати она што вашиот ум веќе го знае.“

„Потребно е силно срце да љуби, но потребно е уште посилно срце да љуби откако било повредено.“

„Ако продолжат да ве повредуваат, сакајте ги и останете, или сакајте се себеси и заминете си.“

„Кога сме вљубени, убедени сме дека никој друг не е за нас. Но како што минува времето, другите се добри, и често се многу подобри за нас.“ – Коко Џинџер

Прочитајте ги и овие моќни поеми што ќе го излечат вашето срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар