Цитати по кои сите ќе го помниме неверојатниот Робин Вилијамс

Комедијантот и актер, Робин Вилијамс, почина на возраст од 63 години. Тој остави позади себе неколку проекти кои никогаш нема да имаме можност да ги видиме, како продолжението на добро познатиот филм од 1993 година, „Mrs. Doubtfire“. Но, и покрај трагичниот крај на неговиот живот, сите ние ќе го помниме по големиот број настапи со кои тој успеваше да нѐ насмее или да нѐ трогне до солзи. Погледнете ги наредниве цитати кои и ден денес успеваат да предизвикаат насмевка или топлина во нашите срца…

Цитати по кои сите ќе го помниме неверојатниот Робин Вилијамс

Незаборавни филмски цитати

 

„Доооооооообро утро Виетнам! Сега е 0600 часот. Што значи „О-то“? О Боже, рано е!“ – Адријан Кронор, Добро утро Виетнам (1987)

„Ние не читаме и пишуваме поезија затоа што е слатка. Ние читаме и пишуваме поезија затоа што сме членови на човечката раса. И човечката раса е полна со страст. И медицината, правото, бизнисот, инженерството, сите овие се чесни занимања и се потребни за одржување на животот. Но, поезијата, убавината, романсата, љубовта, овие се оние нешта поради кои остануваме живи.“ – Џон Китинг, Друштво на мртвите поети (1989)

„Карпе дием. Зграпчете го денот момци. Направете ги вашите животи неверојатни.“ – Џон Китинг, Друштво на мртвите поети (1989)

„Ова е мојот прв ден како жена и веќе руменеам.“ – Госпоѓа Даутфаер/Даниел Хилард (1993)

„Вие не знаете што е вистинска загуба затоа што таа се случува само кога љубите некого повеќе од себе. Се сомневам дека некогаш сте се осмелиле да сакате некого толку многу.“ – Шон Мегуаер, Добриот Вил Хантинг (1997)

„Дали гледаш во мене? Дали ја протри мојата ламба? Дали ме разбуди? Дали ме доведе тука? И одеднаш ме напушташ?! Не би рекол. Не сега. Ќе ги добиеш твоите желби, затоа седи мирен!“ – Духот, Аладин (1992)

Цитати по кои сите ќе го помниме неверојатниот Робин Вилијамс

Незаборавни цитати од стенд ап комедии и интервјуа

 

„Извини, ако беше во право, ќе се согласев со тебе.“

„Пролетта е начин на кој природата сака да ви каже ‘Ајде да се забавуваме!’“

„Ако станува збор за мрежата на видовитите, зошто им треба телефонска линија?“

„Без разлика на она што ви го велат луѓето, зборовите и идеите можат да го променат светот.“

„Ах, да, развод… Тој потекнува од латинскиот збор со значење да се отстранат гениталиите на мажот преку неговиот паричник.“

„Ако жените владееја со светот немаше да има војна, туку само интензивни преговори на секои 28 дена.“

„Сите вие имате една мала искра лудило. Не смеете да ја изгубите.“

„Реалност: Каков концепт!“

„Никогаш не одбирајте караница со грда личност, тие немаат што да изгубат.“

„Во Англија, ако направите криминал, полицијата нема пиштол и вие немате пиштол. Ако направите криминално дело, полицијата ќе ви каже: ‘Стојте или ќе кажеме стојте уште еднаш’.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар