Цитати од Дон Хуан кои имаат моќ да ви ја променат перспективата кон животот

Цитати од Дон Хуан кои имаат моќ да ви ја променат перспективата кон животот

Карлос Кастањеда е писател кој е познат по сериите книги каде што главно го опишува традиционалниот шаманизам. Една од таквите книги е и „Учењето на Дон Хуан“. Таа е позната ширум светот и постојано предизвикува различни реакции кај читателите. Во продолжение следуваат неколку цитати од сериите книги на Карлос Кастањеда, кои на некој начин ќе успеат да ви ја променат перспективата кон животот.

Цитати од Дон Хуан кои имаат моќ да ви ја променат перспективата кон животот

„Однесувајте се буквално како на сон. Дејствувајте смело и не барајте изговори.“

„Не објаснувајте премногу. Кога објаснувате зошто не можете да го направите ова или она, во суштина вие се извинувате за своите недостатоци, надевајќи се дека оние кои ве слушаат ќе бидат добри и ќе ви простат.“

„За да извлече максимум од животот, човекот мора да знае да се менува. Најтешко е да се одлучите за промена.“

„Никогаш никому не се лутам. Ниту еден човек не може да направи такво нешто за да ја заслужи таа моја реакција. Вие им се лутите на луѓето кога чувствувате дека нивните постапки се важни. Одамна веќе ништо слично не чувствувам.“

„Секогаш треба да знаете дека патот е само пат. Ако чувствувате дека не би требало да одите по него, тогаш напуштете го.“

„Сега не можеш да ме разбереш поради своите навики да мислиш онака како што гледаш.“

„Ако не ти се допаѓа она што го добиваш, промени го она што го даваш.“

Цитати од Дон Хуан кои имаат моќ да ви ја променат перспективата кон животот

„Главната пречка кај повеќето луѓе е внатрешниот дијалог. Кога човек ќе научи да го спречи, сѐ станува возможно. Најневеројатните проекти стануваат возможни.“

„Луѓето обично не сфаќаат дека во секој момент може да отстранат што било од својот живот. Во кое било време. Во овој момент.“

„Единствениот вистински мудар советник кој го имаме е смртта. Секогаш кога ќе почувствувате дека работите одат кон лошо и дека сте на работ на колапс, свртете се на левата страна од рамената и прашате ја својата смрт дали е тоа така.“

„Секој оди по својот пат. Доколку одите со задоволство, тоа значи дека тоа е вашиот пат. Доколку се чувствувате лошо – во секој момент можете да се оттргнете од него, без оглед на тоа колку далеку сте стигнале. И тоа ќе биде во ред.“

„Ни треба сето време и сета наша енергија за да го победиме идиотизмот во себе.“

„Суштината е во тоа кон што сте ориентирани. Сите ние самите се правиме несреќни или силни. Опфатот на работата е неопходен и во првиот и во вториот случај, затоа што тоа е едно исто!“

„За да станете човек со знаење, потребно е да бидете воин, а не плачливо дете. Борете се, не откажувајте се, не жалете се, не отстапувајте, борете се сѐ додека не прогледате. А сето тоа за да сфатите дека во светот не постои ништо што би било важно.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар