Цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех

Цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех

Понекогаш во животот има моменти кога се чувствувате обесхрабрени и сте доведени во искушение да се откажете. Во таквите мигови тешко е да се издржи докрај, иако можностите за успех се чини дека ни се многу блиску. Во продолжение прочитајте ги цитатите што ги одбравме за вас, а имаат за цел да ве мотивираат за да ги надминете сите пречки што ќе ви се појават.

Цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех

„Претворете ги вашите пречки во можности, а вашите проблеми во перспективи.“ – Рој Т. Бенет

„Мудриот човек ќе создаде повеќе можности отколку што навидум постојат.“ – Френсис Бејкон

„Често ги пропуштаме можностите затоа што ни оддаваат впечаток на премногу работа.“ – Томас А. Едисон

„Неуспехот е само можност поинтелигентно да започнете одново.“ – Хенри Форд

„Кога работите не одат како што сакате, запомнете дека секој предизвик, секоја неволја, содржи можности за ваш личен развој.“ – Рој Т. Бенет

„Наградата за добро завршената работа е можноста да се направи повеќе.“ – Џонас Салк

„Можноста не чука, таа се појавува кога ќе ја срушите вратата.“ – Кајл Чендлер

„Секој ден е нова можност. Можете да го надградите вчерашниот успех или да ги оставите сопствените неуспеси зад себе и да започнете одново. Таков е животот со секој нов ден, а таков е и бејзболот.“ – Боб Фелер

„Можностите се како изгрејсонце. Ако чекате премногу долго, ќе ги пропуштите.“ – Вилијам Артур Вард

„Не дозволувајте пропуштените можности од минатото да се мешаат во можностите пред вас.“ – Рајан Робинс

„Успехот е таму каде што се спојуваат подготовката и можностите.“ – Боби Унсер

„Не чекајте извонредни можности. Искористете ги обичните прилики и направете ги одлични. Слабите по карактер ги чекаат можностите, а силните пак, ги создаваат.“ – Орисон Свет Марден

„Ретко можев да видам можност додека таа не престана да биде тоа.“ – Марк Твен

„Премногу луѓе мислат на сигурност отколку на можност. Изгледа дека повеќе се плашат од животот отколку од смртта.“ – Џејмс Ф. Бирнс

„Тешко е да се препознае можноста, а ние вообичаено чекаме да нè мами со звучни сигнали и билборди.“ – Вилијам Артур Вад

„Можноста не го губи своето време со оние кои не се подготвени.“ – Идоу Којеникан

„Ако некој ви понуди неверојатна можност, но не сте сигурни дека можете да го направите тоа, кажете „да“, а потоа ќе научите што треба да направите!“ – Ричард Бренсон

„Сè што е негативно, сиот притисок, сите предизвици – сето тоа е можност за мене да се издигнам.“ – Коби Брајант

„Тајната на успехот е да бидете подготвени кога ќе ви се укаже можноста.“ – Бенџамин Дизраели

Доколку ви се допаднаа овие цитати, ви препорачуваме да прочитате и 10 цитати што ќе ве инспирираат да го пронајдете успехот што ви значи.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар