Чудни работи кои никогаш не би претпоставиле дека предизвикуваат мачнина

Чудни работи кои никогаш не би претпоставиле дека предизвикуваат мачнина

Сите ние барем еднаш во животот сме почувствувале мачнина. Сигурно многу добро ви е познато она непријатно чувство во стомакот кое го добивате кога патувате или пак кога доживувате ПМС. Но, понекогаш ова чувство на гадење се појавува без предупредување и сигурно сте се запрашале што ја предизвикало мачнината токму во тој момент. Голема е веројатноста дека ова непријатно чувство е предизвикано од неурамнотеженост на хемиските компоненти во организмот што честопати се јавува како последица на начинот на исхрана и секојдневен живот, и лесно може да се превенира. Ова се 5-те најчести ситуации кои се главните причинители на необјаснивото чувство на мачнина:

5 чудни раноти кои предизвикуваат мачнина

1. Дехидратација

Ако немате испиено доволно количество вода, може да ви се јави чувство на мачнина што уште повеќе ќе ве спречи во тоа да се напиете вода. Обидете се да земате мали голтки вода, додека стомакот не ви се опушти малку и ќе почувствувате како и двата проблема полека се повлекуваат.

2. Преголема хидратација

Секој што одеднаш испил литар вода, на сред напорно планинарење или вежбање, многу добро знае за телесната реакција на пребрзото пиење преголемо количество вода. Ако пиете премногу вода додека вежбате, може да дојде до нарушување на рамнотежата помеѓу содиумот и течностите што доведува до воспаление, болка и мачнина. Пијте по малку и нема повеќе да ви се лоши додека вежбате.

3. Пиење мултивитамини на празен стомак

Сигурно сте многу изненадени од овој причинител на мачнина! Суплементите како железо и бакар предизвикуваат мачнина во стомакот, а витамините кои содржат киселини (како витамин Ц) може да го зголемат количеството на киселини во стомакот, што не е забавно ако сте го прескокнале појадокот.

5 чудни раноти кои предизвикуваат мачнина

4. Недостаток на кофеин

Ако сте зависник од кофеин, сигурно некогаш ви се случило намерно или ненамерно да не се напиете кафе, па сте почувствувале неподносливи главоболки и мачнина кои се јавуваат како последица од тоа што не сте внеле кофеин во организмот. Кофеинот може да предизвика блага физичка зависност, па затоа ако решите да се откажете од него, ќе се соочите со истите симптоми на одвикнување низ кои поминуваат зависниците од други супстанци со сличен потенцијал на предизвикување зависност. Поради тоа, ако решите да се одвикнете од кофеин, за да одбегнете понепријатни симптоми, немојте веднаш сосема да го исклучите од вашиот секојдневен живот, туку правете го тоа постепено.

5. Стрес

Стресот и анксиозноста може да доведе до интензивни телесни реакции. Кога треба да се соочите со напорен ден, се зголемува срцевиот ритам, адреналинот, крвниот притисок и другите неврохемикалии со цел да го подготват телото за борба. Овие хемикалии го забрзуваат метаболизмот и предизвикуваат непријатни симптоми во стомакот како што е мачнината. Пробајте да вметнете интензивно вежбање или медитација за да го стабилизирате телото, наместо да му дозволите на умот да го наведе телото да мисли дека треба да се подготви за Војна на световите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар