Боите на вашето име: Откријте го значењето на секоја буква и што тоа кажува за вас

Боите на вашето име: Откријте го значењето на секоја буква и што тоа кажува за вас

Древните народи како Египќаните, Кинезите и Евреите, обрнувале големо внимание на имињата. За Египќаните тоа било многу повеќе од обичен знак за распознавање, Индусите сметале дека името е карактеристика за секоја индивидуална појава, Кинезите ги поврзувале буквите со одредени мантри, додека пак Евреите во своите записи истакнувале дека 22-те букви на хебрејската азбука отсликуваат различни состојби на свеста.

Боите на вашето име: Откријте го значењето на секоја буква и што тоа кажува за вас

Меѓу древните Келтски народи името секогаш го одбирал друидот, а се верувало дека буквите исполнуваат одредени карактерни црти, како и дека носат среќа. Секоја буква има своја сопствена боја во однос на осцилациите, исто како што брановите имаат сопствени бранови должини. На тој начин и го обликува самиот човек, а бојата што преовладува, може дури да ги покаже и главните особини на носителот. Првата согласка во името се смета за камен темелник на карактерот, но секоја буква си има свое сопствено влијание…

ЦРВЕНА (А, С, Ј) – Страст, силна волја, енергија, љубов, импулсивност, виталност

ПОРТОКАЛОВА (Б, К, Ќ, Т, Ш) – Конструктивност, радост, сензуалност

ЖОЛТА (Ц, Л, У, Ч) – Интуиција, интелектуална сила, спонтаност, прилагодливост

ЗЕЛЕНА (Д, Л, Љ, Ѕ, М, Џ) – Склоност кон мистицизам, чест недостиг на волја, мир

СИНА (Џ, Е, Н, Њ) – Полн дух, вера, надеж, верност

ИНДИГО (Ф, Њ, О) – Интеграција

ВИОЛЕТОВА (Г, Ѓ, П, В) – Желба, интелигенција, повремена изолација

ОПАЛ (Х, З) – Разбирање на животот

БОРДО (И, Р, Ж) – Емпатија, сочувствување, грижа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар