Библиотеката за ретки книги и ракописи на Универзитетот Јеил
Во библиотеката Баинеки (The Beinecke Rare Book and Manuscript Library) можат да се најдат многу ретки книги како и книги кои биле рачно пишувани. Таа била подарок за Универзитетот Јеил во 1963 година од страна на фамилијата Баинеки. Градбата била дизајнирана од архитектот, добитник на Прицкерова награда, Гордон Баншафт од фирмата „Скидмор, Оувингс и Мерил“. Станува збор за најголемата градба во светот која е резервирана исклучиво за зачувување на книги. Денес во оваа библиотека можете да пронајдете над 500.000 ретки книги и неколку милиони ракописи. Погледнете како таа изгледа.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
