Би пробале ли од овие сини банани со вкус на сладолед од ванила?

Бананите блу џава (Blue Java), кои се познати и како „сладолед банани“, се мали, здрави и премногу вкусни овошки. Кога се зрели, иако кората им е цврста како обичните банани, внатрешноста е многу мека, скоро како крем. Токму затоа и се поврзуваат со сладолед. Единствениот проблем со нив е што се исклучително ретки. Тие природно можат да се најдат во Јужна Азија и способни се да преживеат дури и кога температурите се спуштаат под нулата. Најидеалната температура за растење им е 5 степени Целзиусови. Зрелите плодови се долги околу 13 сантиметри, а самото растение расте до околу 5,5 метри. Ви го привлековме вниманието?

Сината банана има вкус на сладолед од ванила, мириса прекрасно и богата е со калиум, како и многу други минерали. Од хранливи состојки, во себе содржи 0,3 грама масти, 22,8 грама јаглехидрати и 89 калории во 100 грама. Дури и нејзините листови се корисни, па жителите на Јужна Азија знаат како да ги употребат за подготовка на храна, како подлога за пржење, печење… Па, што мислите? Дали би сакале да пробате ваква необична банана?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар