Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

Секој има свои утрински кафе ритуали и токму според нив можете многу да дознаете за нечиј карактер. Дури и покрај тоа што сè уште не постојат научни експерименти кои ја докажале поврзаноста на карактерот на љубителите на кафето со нивниот избор на кафе, сепак оваа врска може многу лесно да се забележи доколку подобро ги анализирате вашите пријатели или пак, седнете во кафуле и ги набљудувате луѓето кои доаѓаат.

Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

1. Црно кафе

Доколку го започнувате вашето утро со црно кафе, вие најверојатно сакате колку што е можно повеќе кофеин со цел да го издржите денот. Вие не сакате шеќерот и другите видови дополнителни калории да влезат во вашето тело покрај кафето. Не се грижите многу за вкусот, ниту пак за начинот на кој тоа изгледа бидејќи вам едноставно ви е потребно само кафе.

Вие сте личност која лесно може да биде задоволена и сте на мисија да ги постигнете сите оние нешта кои сте ги замислиле. Вие се грижите за вашето здравје и цените квалитетно кафе. Секогаш одите по својот пат, без да скршнувате од него и токму затоа другите ви се восхитуваат.

2. Еспресо

Доколку пиете дупло еспресо, вие сигурно барате да добиете што е можно повеќе кофеин за помалку пари или пак, се надевате дека тоа ќе ви даде повеќе енергија од обичното црно кафе. Од друга страна пак, секогаш постои веројатноста дека вие пиете двојно еспресо само затоа што ви е многу вкусно, па во тој случај можете слободно да продолжите.

Без разлика на ситуацијата, вие сигурно сте личност која постојано ја гази времето и имате тенденција да се исцрпувате работејќи бидејќи никогаш не успевате да ги завршите вашите обврски на време. Токму затоа го цените тоа малку слободно време кое го имате и порачувате силно еспресо со цел побрзо да можете да продолжите со вашиот ден. Вие секогаш сте во движење, но сепак се обидувате да ги цените едноставните нешта во животот. Не се фокусирате многу на гламурот кој ве опкружува и лесно ве мотивираат дури и најмалите победи кои ќе ги доживеете. Секоја мала шолја еспресо која ќе ја испиете во текот на денот се смета за мала победа, се согласувате?

3. Лате со различни вкусови

Доколку сте љубители на кафињата лате, тогаш вие сте личност која ужива во различни вкусови и не се грижите доколку внесете во вашето тело поголемо количество шеќер или шлаг. Исто така, вие повеќе сте навлечени на вкусовите, отколку на кофеинот, па често се случува да побарате дополнително шлаг пена со цел вашето кафе да добие поблаг вкус. И покрај тоа што се обидувате да се предадете на светот на кафето, сепак секое утро порачувате кафе за носење со интензивен вкус, бидејќи слаткиот вкус на шеќерот ве расонува многу повеќе дури и дупло еспресо.

Имајќи го сè ова на ум, вие сте ентузијасти кои сакаат да ги впијат сите слатки детали во животот. Вие сакате да експериментирате со различна храна и пијалаци, па токму затоа никогаш не се чувствувате ограничени од можностите на менито. Вие имате слободен дух и креативни очи со чија помош лесно се движите во светот. Можеби сте поуморни од оние кои пијат црно кафе или еспресо, но тоа не значи дека не сте задоволни од животот.

4. Кафе со млеко и шеќер

Вам секое кафе ви е вкусно доколку му додадете млеко и шеќер. Исто така оваа комбинација ве буди многу полесно од останатите. Веднаш по црното кафе, тоа е брзо за подготвување и е одличен избор за кафе за носење. Тоа е едноставен, но сепак индивидуализиран пијалак кој ви нуди доволна доза кофеин за да можете да го издржите денот.

Доколку го пиете кафето на овој начин, вие сигурно сте стабилна личност која сака да има контрола врз својот живот, исто како што сакате да имате контрола врз кафето кое го внесувате. Вие сте фокусирани, детерминирани и подготвени да го започнете вашето утро според вашите однапред поставени стандарди.

5. Без кофеин

Зошто некој би сакал да пие кафе кое реално не е кафе? За тоа можат да постојат неколку различни причини…

Вие можеби имате некаков здравствен проблем кој не ви дозволува да внесувате кофеин во своето тело, но толку многу го сакате вкусот на кафето што едноставно не можете да си дозволите да го поминете денот без него.

„Кафето“ е вашата удобна зона и вие сте создале навика која вклучува негово пиење во секое време од денот. Вие го обожавате вкусот, околината и друштвото кое тоа го носи, дури и откако ќе го достигнете вашиот кофеински лимит, па затоа во овие моменти посегнувате по она без кофеин.

Без разлика на причината поради која пиете безкофеинско кафе, вие сте личност која е изградена од навики и без разлика на препреките кои ви ги носи животот, сепак се придржувате до планот кој сте си го направиле. Вие лесно наоѓате начини да ги надминете сите оние несакани ситуации и ретко правите драстични или спонтани чекори, па затоа играте на сигурно и чекате да дојде вистинскиот момент за да излезете од вашата удобна зона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар