Авантурите на диносаурусот Дино и неговите пријателчиња

Авантурите на диносаурусот Дино и неговите пријателчиња

Жорже Саенз е парагвајски фотограф кој користи класични трикови со перспективата и гледните точки за да ги оживее неговите играчки диносауруси во епска патувачка серија која на Инстаграм е позната како #Dinodinaseries. Неговите фотографии ги документираат туристичките доживувања на диносаурусите низ Јужна Америка – патување кое започнало со Дино, зелениот брахиосаурус, во Боливија.

Авантурите на диносаурусот Дино и неговите пријателчиња

Санез го купил Дино во една продавница за сувенири во Ла Паз, Боливија и потоа објавил една смешна фотографија од играчката на неговиот профил на Инстаграм. Фотографија доживеала изненадувачки успех и внимание, па Саенз одлучил да му купи на Дино неколку нови пријателчиња: Стегосаурусот Дина, спиносаурусот Спини и кафеавиот брахиосаурус Брахи, која му е девојка на Дино. Во продолжение погледнете ги нивните интересните авантури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар