Ако не можете да одговорите со „да“ на овие прашања, тогаш не сте вистински среќни

Животот се состои од подеми и падови, тоа е веќе јасно. Нештата не можат секогаш да се одвиваат во онаа насока каде што вие би сакале да одат. Некои луѓе се преселуваат, некои остануваат, некои добиваат унапредување, додека други се отпуштаат, љубовта доаѓа исто како што заминува… Но, ова не значи дека не можете да најдете светлина во вашата моментална ситуација и да сфатите дека всушност сте многу посреќни одошто сте мислеле. Погледнете ги следниве 9 прашања кои доколку можете да ги одговорите потврдно, тогаш сте вистински среќни.

Ако не можете да одговорите со „да“ на овие прашања, тогаш не сте вистински среќни

1. Дали често забележувате дека сакате повеќе одошто имате?

За да бидете вистински задоволни во секоја фаза од вашиот живот, вие мора да научите да работите за поголеми цели, додека истовремено го прифаќате тоа што моментално го имате. Бидете благодарни дури и на најмалите и навидум незначајни ситници во вашиот живот и стремете се кон повеќе.

2. Дали сте перфекционист?

И покрај тоа што тежнеењето кон најдоброто е одлична мотивација, ограничувањето на вашата перфекција може да ве одведе кон неуспех и чувство на несреќа за ситуацијата во која моментално се наоѓате.

3. Дали работевте најдобро што можете за да стигнете до овој момент во вашиот живот?

Трикот за да бидете среќни е да знаете како да погледнете наназад со мислата дека сè што се наоѓа пред вас во овој момент е резултат на тешката работа која сте ја завршиле.

4. Дали имате крајна цел и дали активно работите на нејзиното остварување?

Имањето цел и посакувањето на истата се две сосема различни концепти. Доколку активно се борите за вашата цел, вие ќе бидете многу позадоволни од тоа што ќе го постигнете. На тој начин ќе бидете и посреќни со секоја промена, без разлика колку е мала.

5. Дали си одвојувате доволно време за одмор како што правите и за работа?

Доколку постојано сте под стрес поради работата, тогаш без сомнение ќе паднете во незадоволство. Запомнете секојдневно да си одвојувате време за себе и опуштање, во спротивно не би можеле да го видите напредокот кој секојдневно го постигнувате.

6. Ако се запознаете себе како друга личност, дали би биле пријатели со вас?

Многу е тешко да се видите себеси во туѓи очи, па затоа направете еден чекор наназад. Дали сте добри пријатели? Дали сте себични? Дали би си верувале со тајните или пак, никогаш не би можеле да се потпрете на вас?

7. Дали сфаќате дека не е сè статично и дали можете да прифатите промена?

Некои луѓе се несреќни само затоа што се чувствуваат премногу удобно. Но, промените не можат да се избегнат. И покрај тоа што тие можат да бидат многу мали, потребно е да знаете како да ги прифатите сите оние нешта кои животот ги фрла на вашиот пат.

8. Дали наоѓате време да се пофалите за вашите постигнувања?

Како би можеле да бидете среќни кога никогаш не го признавате тоа што досега сте го постигнале? Не чекајте награда од некој друг, наградете се самите.

9. Дали повеќе се смеете одошто плачете?

Ова можеби ќе ви звучи очигледно, но понекогаш не сме свесни за фактот колку сме преплавени со негативни емоции сè додека тие не исчезнат. Фокусирајте се на оние нешта кои ве смеат и обидете се да се движите во нивна насока.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар