9 нешта кои мора да престанете да ги правите за да живеете посреќен и поуспешен живот

9 нешта кои мора да престанете да ги правите за да живеете посреќен и поуспешен живот

Понекогаш се губиме во нашата дневна рутина и воопшто не ни забележуваме дека правиме нешта кои лошо влијаат врз нас и нашето здравје. Токму затоа и можеби е време малку да застанете, да го анализирате вашиот живот и да ги идентификувате оние нешта кои ве спречуваат да бидете среќни и успешни. Погледнете дел од овие деструктивни однесување кои ве спречуваат да го постигнете вашиот целосен потенцијал.

9 нешта кои мора да престанете да ги правите за да живеете посреќен и поуспешен живот

1. Останување будни до доцна без причина

Понекогаш имате работа, а друг пат разговарате со вашите пријатели. Но, понекогаш останувате будни до доцна без причина, седејќи на социјалните мрежи бидејќи ви е полесно механички да ги гледате објавите отколку да го стишите вашиот мозок. Верувајте, полесно ќе заспиете ако вашите очи се затворени.

2. Избегнување тајна страст поради страв

Секој човек има нешто што посакува да го проба, како на пример, пишување новела, боксување, комедија, свирење гитара… Но, повеќето луѓе не се решаваат да го направат следниот чекор поради страв од неуспех или страв од тоа што другите ќе го кажат. Вистината е дека никој не се грижи за она што вие го правите, па слободно почнете веднаш.

3. Анализирање на вашиот живот преку споредба со животот на други луѓе

Мала доза восхит е добра за секој човек, но доколку навлегувате во детална анализа на животот на другите луѓе, притоа споредувајќи го со вашиот, големи се шансите дека ќе западнете во бескраен депресивен круг од кој нема излез. Едноставно прифатете ја вашата ситуација и бидете задоволни со она кое го имате бидејќи никогаш не ја знаете целата слика за другите.

4. Одржување контакт со токсични луѓе

Без разлика дали станува збор за бивш/а кој/а ви се јавува само кога му/ѝ треба нешто или за еднострано пријателство во кое само вие се трудите, не треба да чувствувате должност дека мора да ги одржувате овие врски. Ако им ставите крај, тежината која ја чувствувате во себе брзо ќе се намали.

5. Останување дома кога се чувствувате анксиозно

Без разлика дали имате нарушување на анксиозноста или едноставно само се чувствувате нервозно, вие ништо нема да постигнете ако останете дома, затворени меѓу 4 ѕида. Дури и да е последното нешто што сакате да го направите, станете од каучот и излезете на прошетка, завршете некоја обврска или сретнете се со пријател. Скоро инстантно ќе се почувствувате подобро.

6. Трошење пари на облека која ќе ја облечете само еднаш

Понекогаш, вие сте понесени од моментот и донесувате одлука да купите нешто што знаете дека нема да можете да го облечете повеќе од еднаш. Токму затоа кога сте на шопинг, размислете внимателно и искрено за оние нешта кои навистина ви требаат, без да се препуштите на визуелниот маркетинг од брендот.

7. Маратонско гледање серии за да избегнете вистински проблем

Доколку свесно гледате серија со цел да избегнете нешто со кое не сакате во овој момент да се соочите (учење, работни обврски, раскинување, вежбање…) вие само дополнително ќе ја зголемите вашата анксиозност. Време е да се соочите со вашите обврски и да ги оставите сериите само за во слободното време.

8. Пиење повеќе кофеин одошто вашето тело може да поднесе

Сите ние се соочуваме со зафатени периоди во нашиот живот, кога ни изгледа незамисливо да завршиме сè без дневната доза кофеин, но реалноста е дека поседуваме доволно енергија во себе за да направиме сè и без кафето. Ако сметате дека претерувате, обидете се да ја намалите дозата со помош на кафе или чај кои немаат кофеин.

9. Поминување безброј часови дневно на интернет

Постои голема разлика помеѓу поминувањето свесно време на интернет, читајќи интересни статии или гледајќи смешни видеа со цел да се одморите од работата, но треба да ги поставите вашите граници. Не можете поголемиот дел од денот да го поминувате онлајн и да очекувате дека ќе можете да водите здрав живот и во реалноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар