9 ликови од нашите омилени ТВ серии кои требало да бидат играни од други актери

9 ликови од нашите омилени ТВ серии кои требало да бидат играни од други актери

Замислете како би изгледала вашата омилена ТВ серија кога главните ликови би биле играни од други актери. Оваа листа е составена од актери кои одбиле или не успеале да добијат улоги во познати ТВ серии, како ликови што не би можеле да ги замислиме како никој друг освен актерите што го зазеле нивното место. Погледнете…

1. Гилијан Андерсон како Серсеи Ланистер, Игра на тронови (Game of Thrones)

Според гласините, актерката ја одбила улогата на Серсеи која веднаш отишла во рацете на Лена Хедеј. Гилиан можела да додаде уште еден култен лик во нејзината колекција, покрај ликот на агентката Скали во „Досиеја икс“ (The X-Files).

2. Сем Клафлин како Џон Сноу, Игра на тронови

Сем Клафлин, кој ни е познат од филмовите „Игри на гладните“ (The Hunger Games) се пријавил на аудиција за ликот на Џон Сноу. Колку што е познато, неговиот обид бил неуспешен и улогата ја добил Кит Харингтон.

3. Виго Мортенсен како Едард Старк, Игра на тронови

Виго бил во план да го глуми ликот на Едард Старк, но улогата на Арагорн во „Господарот на прстените“ (The Lord of the Rings) го спречила да ја прифати. И Шон Бин е дел од актерската екипа во „Господар на прстените“, но тој сепак ја прифатил улогата на Едард.

4. Тим Рот како Давос Сиворт, Игра на тронови

За малку ќе го видевме Тим Рот во улогата на Давос, но креаторите на ТВ серијата сепак се одлучиле за Лиам Канингем кој заврши многу добра работа.

5. Лили Ален како Јара Грејџој, Игра на тронови

Според гласините, улогата ѝ била понудена на Лили Ален. Откако го прочитала сценариото, таа ја одбила понудата бидејќи требало да работи со својот брат, актерот кој го глуми Тион Грејџој, а во сцените имало премногу инцест. Тешко е да не се сложите со неа.

6. Алек Болдвин како Господин Ѕверка, Сексот и градот (Sex and the City)

Според креаторот на серијата, тој сметал дека Алек Болдвин бил совршен за овој лик. Но, кога го сретнал Крис Нот го сменил мислењето.

7. Кристен Дејвис како Кери Бредшо, Сексот и градот

Кристен била на аудиција за ликот на Кери, но како што веќе знаеме улогата ја добила Сара Џесика Паркер, а Кристен ја добила улогата на Шарлот. Навистина е тешко да се замисли како би изгледала серијата со ваква промена.

8. Метју Бродерик како Волтер Вајт, Брејкинг бед (Breaking Bad)

За ликот на Волтер Вајт, креаторите сакале да го најмат Метју. Но, нешто се променило и благодарение на тоа, Барајн Кренстон ја добил улогата. Рејтингот и популарноста на серијата потврдуваат: Креаторите го направиле вистинскиот избор.

9. Мајкл Китон како Доктор Џек Шепард, Изгубени (Lost)

На почетокот, креаторите сакале Мајкл да ја има улогата на доктор Шепард. Тој прифатил, но само ако неговиот лик умре на почетокот, бидејќи не сакал да биде зафатен со серијата долго време. Но, сценаристите се одлучиле да ја сменат судбината на докторот, па Китон ја одбил улогата која подоцна ја добил Метју Фокс.

Погледнете и неколку грешки од ТВ сериите кои ќе ве насмеат до солзи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар