9 интересни факти за дојките кои досега не сте ги знаеле

Брадавиците можат да имаат различна боја и тоа зависи исклучиво од тенот на човекот. Исто така, нивната големина зависи од тоа дали сте сексуално активни или не. Постојат уште неколку интересни нешта поврзани со брадавиците. Прочитајте.

0-9-interesni-fakti-za-dojkite-koi-dosega-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

1. Вашите брадавици можат да доживеат оргазам. Знаете како кога ви ги стимулираат брадавиците чувството е неверојатно? Тоа е затоа што мозокот испушта окситоцин – што ја контрахира вагината, а тоа доведува до оргазам. Е затоа не ја потценувајте нивната моќ.

2. Постојат 4 различни типови брадавици – нормални, рамни, испапчени или вовлечени. И сега е совршено време да дознаете какви имате. Секако, со мала помош на рачно огледалце.

3. Возможно е некој од вашите пријатели да има вишок брадавица. Иако станува збор за само 6% од луѓето, сепак некако имате желба следниот пат кога ќе се видите да ги натерате да ги слечат нивните маици.

4. Не мора да значи дека вашите брадавици се вашата најерогена зона на градите. Постојат луѓе чии брадавици се чувствителни до степен на болка и кои не сакаат да бидат допирани за време на сексуални игри. Со ова, сакаме да кажеме дека е различно за сите и сите имаат различни ерогени зони. Вашата може воопшто да нема никаква врска со брадавиците.

5. Да, скоро сите имаат влакна на нивните. Скоро сите жени имаат влакна на брадавиците и голем број од нив се обиделе да ги отстранат со депилација, а тоа може да доведе до болни изгореници поради агресивниот начин на вадење на влакната затоа што брадавиците се едни од најчувствителните точки кои се наоѓаат на човечкото тело. Во случај ако за краток период ви се појават многу влакна на брадавиците тоа е знак на хормонален дисбаланс и треба веднаш да се консултирате со стручно лице.

6. Вашите брадавици можат нагло да се променат и тоа да биде знак на рак на дојка. Особено внимавајте на воспалителниот карцином кој е многу поагресивен од другите типови и кој вообичаено предизвикува нагла промена на кожата – т.е. таа станува помека и подебела. Иако е многу редок (1-5% од сите дијагностицирани карциноми на дојка во САД), сепак не би сакале да го игнорирате или да ги пропуштите симптомите затоа што е многу агресивен.

7. Вашите брадавици можат да не личат една на друга. Ничии брадавици не се 100% симетрични. Како што градите не се симетрични – исто и брадавиците. Освен ако едната брадавица во краток период не стане многу поголема од другата (што значи веднаш треба да посетите доктор) тогаш сѐ е во ред.

8. Постојат мали грутки околу ареолите и тие се нормални. Не, тие не се акни или израстоци. Тие се наречени ареоларни жлезди и сѐ додека тие не растат, веројатно нема за што да се грижите. Ако забележите дека постојано се променуваат и не се враќаат во нормала, тогаш посетете медицинско лице.

9. Брадавиците можат да менуваат боја. Жените имаат потемни брадавици после бременост или кога пијат антибеби пилули што е целосно нормално, но како и секогаш, ако сте загрижени за промената на бојата, сѐ што треба е да му се јавите на докторот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар