9 досадни секојдневни нешта за кои всушност има објаснување

Веројатно не сакате кога некој џвака гласно до вас, кога ќе го удрите прстот од ногата или кога доцните за на работа и не можете да ги најдете клучевите од автомобилот. Она што е интересно е тоа што овие нешта можат да бидат објаснети со помош на науката. Кога ќе дознаете зошто се случуваат овие нешта, можеби полесно ќе ги избегнувате во иднина.

1. Зошто потта мириса лошо кога сте под стрес?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Кога сте под стрес, апокрините жлезди работат побрзо и лачат пот. Оваа пот содржи повеќе хранливи материи, протеини и други липиди за разлика од потта што ја лачат екрините жлезди, што содржат само сол и вода.

Хранливите материи се одличен оброк за бактериите што живеат во и околу порите. Како што бактериите ги разградуваат хемикалиите, се ослободува лош мирис.

2. Зошто е потешко да се разбудите ако го поместувате алармот на 5 минути?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Причината е што кога ќе заспиете, започнува нов циклус на спиење. За еден циклус потребни се околу 100 минути, и ако трае пократко од тоа фазата нема да биде завршена. Па најдобриот начин да го започнете денот е да се разбудите со првиот аларм.

3. Зошто ве излудуваат луѓето кои џвакаат гласно?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Овој синдром има научен термин – мизофонија. Ова нарушување претставува агресивна реакција и на сосема обични звуци, како џвакање, свирење и слично. Околу 20% од луѓето ширум светот страдаат од мизофонија. За нарушувањето нема лек, па се препорачува да ги избегнувате звуците што ве полудуваат.

4. Зошто гласот ви звучи чудно и различно на снимка?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Кога го слушате вашиот глас додека зборувате, слушате микс од звуци од опкружувањето преку надворешниот ушен канал, ушното тапанче и средното уво. Кога слушате снимка, ги слушате само звуците што се пренесени низ воздухот. Другиот дел од нив едноставно исчезнува. Па поради ова вашиот глас ви звучи чудно и непознато.

5. Зошто имате црвени очи на фотографиите?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Понекогаш зениците не успеваат да се затворат кога некој ве фотографира. Црвените очи најчесто се светлина која се рефлектира од крвните садови во окото. Од друга страна, очите на животните можат да бидат сиви, црвени, зелени и слично. Нивните очи имаат рефлектирачки слој којшто им го подобрува гледањето навечер, па бојата може да биде сосема различна. За да го избегнете овој ефект, фотографирајте се кога има доволно светлина.

6. Зошто секогаш ви паѓаат лушпи од јајцето во садот

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Ако неправилно го скршите јајцето, лушпата ќе се заглави во белката и ќе падне во садот. Но има начин како да го спречите тоа – пред да го скршите, најдете го неговиот најширок дел (средината) и цврсто фатете го таму. Потоа скршете го, со палците притиснете кон внатре и одвојте ја лушпата.

7. Зошто не можете да ги најдете клучевите?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Ако често ги губите вашите клучеви, не ја вклучувате вашата меморија кога доаѓате дома и ги фрлате каде било. Поради ова не можете да се сетите каде сте ги оставиле. Постои само еден начин да се справите со овој проблем – одредете место за ваквите мали предмети и секогаш оставајте ги таму.

8. Зошто врвките од чевлите сами се одврзуваат, особено кај деца?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Врвките на децата се одврзуваат почесто бидејќи нивниот чекор се разликува од оној на возрасните – тие удираат со нивните стапала. Кога стапалото удира на земјата, петата се крева и ги одврзува врвките.

9. Зошто удирањето на прстот од ногата е многу болно?

9 досадни нешта за кои всушност има објаснување

Прстите на нозете имаат многу нервни завршетоци, а малку ткиво што ќе ги заштити. Поради ова, вие всушност ја удирате вашата коска, крвните садови и нервите.

Прочитајте ги и овие неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар