8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

За поголема публика, корисниците на Интернет измислуваат секакви вести надевајќи се на нашата љубопитност и наивност. Потоа ние ги споделуваме овие вести, дискутираме за нив и воопшто не се сомневаме во нив сè додека некој не се сети да го провери изворот. Па, погледнете ги најпознатите вести кои излегле лажни.

1. Винстон Черчил бил роден во женскиот тоалет на дискотека

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Оваа приказна се врти на Интернет веќе неколку години. Сè што треба да направите е да ја проверите биографијата на Винстон Черчил за да престанете да верувате во вакви „новости“. Всушност, познатиот политичар потекнува од благородно семејство и бил роден во палата.

2. Мозокот на слоновите реагира на луѓето како што човечкиот мозок реагира на кученца – тие мислат дека ние сме слатки

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Овие прекрасни вести усреќија многу луѓе, но и овој пат станува збор за лага. Научниците никогаш не направиле вакво истражување, но други истражувања покажале дека слоновите ги сметаат луѓето за потенцијално опасни. Поради ова тие ги учат навиките на луѓето, можат да ја одредат нашата возраст и да ги разликуваат јазиците што ги зборуваме.

3. Овој маж си ја стапнал брадата, си го скршил вратот и умрел

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

На оваа фотографија го гледате Ханс Лангсет, маж кој работел во циркус и кој го држи рекордот за најдолга брада – 5,6 метри. Живеел 81 година и умрел во куќата на неговиот син. И се разбира, не си го скршил вратот.

4. Режисерите на „Одмазници“ (The Avengers) снимаат лажни сцени за да спречат протекување на информации

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Се разбира, и ова се лажни вести. Режисерите го потврдија тоа:

„Премногу сме уморни да снимаме сцени што нема да ги има во финалниот продукт.“

5. Колку е постудена собата во којашто спиете, толку поголеми се шансите да имате кошмар

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Всушност, вистина е токму спротивното. Научник од Универзитетот во Калифорнија спровел истражување кое покажало дека покачувањето на температурата за макар еден степен може да предизвика проблеми со спиењето. Специјалистите од неколку научни центри дошле до заклучок дека за целосно да ги надополни ресурсите, телото треба да биде со неутрална температура. Ова значи температурата треба да биде константна и заспивањето да биде удобно.

6. Кит насукан на плажа

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Ова е уште еден пример за несмасен Фотошоп. Луѓето не ја забележуваа очигледната лага и ги споделуваа вестите. Можеби повеќе ги интересирале џиновските албатроси.

7. Тигрите се единствените мачки што не се плашат од вода

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Многу видови домашни мачки не се плашат од вода. Некои од нив дури и уживаат да се бањаат.

8. Фотографија на годината во National Geographic од Боб Бартон

8 вести во кои поверуваа сите благодарение на Интернетот

Авторот на оваа објава успеал да направи навистина голема лага. Фотографијата собрала илјадници допаѓања пред да се пронајде авторот. Излегло дека станува збор за уметникот и илустратор од Русија, Алексеј Кравцов. Покрај тоа, Боб Бартон воопшто не постои.

Сте слушнале ли за историските факти што се најверојатно лажни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар