8 тетоважи со прекрасни, но срцепарателни приказни - Part 2

8 тетоважи со прекрасни, но срцепарателни приказни

5. Исти направи за слушање

(5)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Ќерката на овој човек имала проблем да биде прифатена од општеството. Но нејзиниот татко нашол начин да ја поддржи. Тој ја истетовирал нејзината направа за слушање на главата. Татковата љубов навистина нема граници.

6. Последните зборови на мајката

(6)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Губењето родител е секогаш тешко и луѓето минуваат низ многу фази при справувањето со смртта, започнувајќи од неверување, па сè до прифаќање. На крај единственото нешто што останува е да ги помните своите родители. Тејлор Смит решила да ги истетовира последните зборови кои ѝ ги напишала мајка ѝ на нејзиниот зглоб. Зборовите биле од СМС порака која ја напишала мајка ѝ неколку часа пред да умре.

7. Тетоважа за кучето

(7)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Кучињата се најдобриот пријател на човекот. Некои луѓе толку многу ги сакаат што дури и прават тетоважи посветени на нив. Тетоважата на Џеки Адамски е отпечаток од шепата на нејзиното куче. Таа напишала:

„Скенки, ти си вистински уметник! Ти благодарам што издржа речиси 200 отпечатоци додека да го добиеме совршениот!“

8. Тетоважата на Анџелина Џоли

(8)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Холивудската ѕвезда има приказна зад тетоважата на нејзиното рамо. Порано овде било истетовирано името на нејзиниот поранешен сопруг, Били Боб Торнтон, со кого била во брак 3 години. Подоцна таа ласерски ја отстранила тетоважата и ја заменила со географските координати на местото на раѓање на нејзините деца.

Некои луѓе веруваат дека тетоважите се само уметност, други пак ги гледаат како средство за искажување. Но за некои луѓе тетоважите се единствениот начин да ги запомнат своите сакани и важните настани од нивните животи.

Погледнете ги и овие неверојатни тетоважи помеѓу мајки и ќерки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар