8 тетоважи со прекрасни, но срцепарателни приказни

Луѓето навистина сакаат да ги украсуваат своите тела со тетоважи. Оваа практика е стара илјадници години. Некои тетоважи може да претставуваат само некоја убава слика, но некои кријат навистина длабоко значење. Погледнете некои од најемотивните тетоважи и прочитајте ги приказната зад нив.

1. Сеќавање за дете што нема да можете да го израснете

(1)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Навистина е тажно да изгубите дете. Мајката на малиот Нејтан не ни помислила дека никогаш нема да ја слушне неговата смеа или да го гледа како учи да оди и да зборува. Таа го изгубила детето во 16-тиот месец од почетокот на бременоста и решила засекогаш да го запомни тетовирајќи си отпечаток од неговите мали стапала.

2. Поддршка за синот

(2)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Кога синот на Џош Маршал, Габриел бил дијагностициран со рак, сè што мислел тој било како да го поддржи неговото момче во таа борба. На Габриел му останала голема лузна на главата од операцијата, па татко му решил да си направи тетоважа која е иста како лузната за да му покаже дека секогаш е овде за него.

3. Секој човек е убав

(3)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mk

Хани Реј, ќерката на Тања и Адам Филипс од Англија, има белег кој почнува од нејзините стапала и завршува на горниот дел од телото. Бидејќи нејзините родители биле свесни колку може да бидат сурови луѓето кон оние кои се различни, без разлика дали е белег или нешто друго, тие направиле тетоважи кои се исти како белегот на ќерка им. Целта им била да ѝ покажат дека таа е убава без разлика на сè.

4. Спомен за изгубениот син

Понекогаш се случува новороденчињата ненадејно да починат. Кога ова се случува родителите бараат разни начини за да се справат со тагата. Овој татко го почувствувал тоа и решил да го истетовира звучниот бран од смеата на неговото мало момче кое починало. Навистина неверојатен начин да го запомни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар