8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата - Part 2

8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата

5. Надеж за живот по смртта

8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата

Кога некој ќе умре, една од фазите низ кои минуваат ужалените е гнев. Им изгледа погрешно и нефер што починал некој сакан. Кој не би сакал да верува дека повторно ќе ја види саканата личност? Нашиот логичен ум можеби прифаќа дека е сосема доволно да се живее и да се биде свесен, но логичниот ум не е единственото нешто што влијае на нашите верувања.

6. Ни недостига владетел

8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата

Луѓето живеат во релативно големи групи и немаат моќен врховен машки водич, за разлика од горилите кои живеат во мали групи со машки водач, најчесто најсилниот од групата. Но постои теорија дека до неодамна сме имале и на дел од нашиот ум му недостига ова. Голем дел од религиозното однесување е идентично со потчинето однесување кон доминантен маж. Разликата е што овој доминантен маж денес не е опиплив.

7. Консумирање „посебни“ растенија

8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата

Домородците од Јужна Америка со векови пијат ајауаска. Овој пијалак е навистина лесен за приготвување ако имате пристап до дождовна шума. Разни видови листови се мелат, се додаваат во зовриена вода и се консумираат. На многумина им е тешко да не повратат по пиењето, но оние што го пробале пијалакот опишуваат дека искуството им го променило животот. Многу луѓе изјавиле и дека „станале“ диви животни во духовниот свет. Психоделичните дроги не им се непознати на луѓето. Докази за магичните печурки датираат уште од праисторијата и се верува дека раните религии биле обид да се опише психоделичното искуство од дрогата.

8. Зближување

8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата

Постои теорија дека религиските верувања ги зближуваат луѓето, односно им дозволуваат да живеат едни меѓу други без да се убиваат. Нашите најблиски роднини, горилата и шимпанзото, живеат во мали групи. Шимпанзата и луѓето имаат заеднички предок од пред 8 милиони години, па веројатно и луѓето живееле во мали групи. Но развивањето на агрикултурата ги присилило да почнат да живеат во поголеми заедници. Нешто во мозокот на раните луѓе би требало да се промени за да можеме да живееме заедно. Верувањето во заедничка религија можеби е таа промена. Интересно за теоријата е што не е важно за какви верувања станува збор. Важно е целата заедница да верува во истото нешто.

Дали сте слушнале за некои од најчудните религии?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар