8 причини зошто читањето е корисно за вашето психичко здравје

8 причини зошто читањето е корисно за вашето психичко здравје

Книгите се сметаат за еден вид забава и сите знаеме дека луѓето треба да читаат повеќе, но читањето е многу покорисно одошто мислите. Читањето навистина може да го подобри психичкото здравје. Исто како што правилната исхрана и вежбањето го одржуваат физичкото здравје, така и читањето ги зацврстува мускулите во мозокот, може да ви помогне да се опуштите по долгиот и стресен ден, па дури и да ја подобри вашата меморија и концетрација. Доколку уживате во читањето, но не го правите тоа редовно, овие неколку причини и научно докажани факти ќе ве убедат почесто да се „фаќате“ за книгата…

8 причини зошто читањето е корисно за вашето психичко здравје

1. Читањето може да ве ослободи од стресот

Според едно истражување на Универзитетот во Сасекс, читањето го намалува нивото за стрес за цели 68%. Испитаниците требале да извршуваат разни релаксирачки активности како што се слушање музика, пешачење, пиење чај и читање, додека им биле мерени нивото на стрес и срцебиењето. Резултатите покажале дека читањето е најефикасниот метод што им помага на мозокот и телото да се опуштат. Нареден пат кога ќе си дојдете дома по долгиот и напорен работен ден, почнете да читате некоја книга и уживајте во неа неколку часа.

2. Читањето ја зголемува вашата емпатија

Доколку сте пораснале како љубител на читањето , сигурно знаете како да покажете емпатија и да сочувствувате со другите. Но, зошто е тоа така? Универзитетот во Бафало ја проучувал оваа идеја и открил дека приказните што ги читаме и ликовите со кои се поврзуваме ни помагаат да имаме поголемо разбирање за различните погледи кон светот. Се смета дека емпатијата е најважната вештина што децата треба да ја научат од нивните родители за да можат да го разберат светот и луѓето околу нив на здрав и позитивен начин.

3. Читањето е еден вид терапија

Дали некогаш додека сте читале, особено ако одново сте читале некоја книга, сте се почувствувале толку блиски со некој лик или измислен настан што сте добиле впечаток дека сте го пронашле решението за вашите проблеми? Не сте сами. Според Кристел Расел, истражувач на Американскиот универзитет, читањето претставува еден вид терапија. Кога ликовите минуваат низ тежок период, тоа може да ве потсети на вашето минато и нерешени конфликти и да ви овозможи да најдете здраво решение за тие проблеми.

4. Читањето ја зголемува интелигенцијата

Не е некое големо изненадување тоа што читањето книги ја зголемува интелигенцијата. Преку книгите, вие се среќавате со нови зборови кои го збогатуваат вашиот речник. Поголемиот фонд на зборови е поврзан со подобри резултати на училиште и во секоја друга животна област. Тоа е уште една добра причина зошто треба почесто да читате.

8 причини зошто читањето е корисно за вашето психичко здравје

5. Читањето ја подобрува вашата меморија

Ги губите клучевите и паричникот барем еднаш неделно? Читајте повеќе! Читањето ги зацврстува мускулите во делот од мозокот кој е заслужен за меморијата. Тоа е така затоа што читањето не принудува да останеме будни, да обрнеме внимание, да запаметиме некои ситници и да следиме низа од зборови со часови одеднаш.

6. Читањето го подобрува здравјето на вашиот мозок

Доколку вашиот ум е постојано активен, мозокот ќе го зачува здравјето подолго време. Според едно истражување, луѓето кои се постојано психички активни, без разлика дали станува збор за читање или друга ментална активност, забележале 32% помала веројатност за опаѓање на мозочните функции, за разлика од оние кои не го користеле мозокот често, каде неговата функција опаднала 48% побрзо од претходните. Без оглед на вашите години, земете некоја книга и одржете го мозокот во форма.

7. Читањето го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

Доколку читате барем по еден час секој ден, ја спречувате појавата на Алцхајмерова болест. Докажано е дека читањето ја зголемува мозочната сила и меморија со тоа што создава нови мозочни патишта, а како последица на тоа веројатноста за заболување од Алцхајмер е многу мала.

8. Читањето го подобрува квалитетот на вашиот сон

Доколку читате по неколку поглавја од книга пред да си легнете, таа навика ќе ви помогне да спиете подобро. А со оглед на фактот што читањето ви помага да се опуштите и релаксирате, книгата пред спиење е одлична идеја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар