8 нешта што можат да ви се случат ако решите да посетите хипнотерапевт

8 нешта што можат да ви се случат ако решите да посетите хипнотерапевт

Постојано се трудите да бидете најдобрата верзија од себеси. Вие вежбате јога, сте биле на психотерапија и редовно ги миете забите пред спиење. Па, тогаш зошто да не се обидете и со хипноза? Според науката, станува збор за техника што има моќ да ја намали анксиозноста, да ги смири ирационалните стравови, па дури и да ви помогне да престанете да ги грицкате ноктите. Ве заинтересиравме? Прочитајте што можете да очекувате од само една сесија со хипноза.

8 нешта што можат да ви се случат ако решите да посетите хипнотерапевт

1. Може да бидете нервозни. Толку многу нервозни што дури ќе почнете и да паничите. Но тоа е сосема разбирливо. Со хипнозата вие ја предавате контролата на вашиот ум на личност што не ја познавате. Одеднаш почнуваат да ви се вртат мисли какво ќе биде чувството или пак, што ако паднете во хипнотичка состојба и никогаш повторно не се разбудите. Но не грижете се – тоа е повеќе како водена медитација. Вие не можете да бидете хипнотизирани против својата волја и тоа нема да се случи освен ако не сте целосно отворени и опуштени.

2. Може да откриете многу нешта за себеси. Пред да започне процесот на хипнотизирање, вашиот хипнотерапевт ќе ве праша што сакате да постигнете со ова сесија. Што и да биде вашиот одговор, ќе почнете да разговарате на таа тема и на тој начин без да забележите ќе навлезете длабоко во себе и во своите емоции.

3. Може да почнете да плачете. Откако ќе влезете во хипнотичката состојба, сосема е нормално вашето тело да ги ослободи сите оние емоции што долго време сте ги носеле со вас. Едноставно дозволете му на овој процес да се случи – откако ќе ги отворите очите, ќе се чувствувате полесно, како нова личност.

4. Може да почувствувате тикови. Кога сте во хипнотичка состојба, пациентите доживуваат еден вид телесни неконтролирани реакции што му даваат сигнал на терапевтот дека се чувствувате напнато или пак, дека имате потешкотии со тоа што тој или таа го бара од вас. Вие најверојатно нема ни да ги забележите овие движења, а хипнотерапевтот внимателно ќе ви помогне да ги надминете.

5. Може да изгубите осет за време. Кога ќе се разбудите, ќе бидете свесни за сè што се случило но може да имате чувство како да поминале само 2, 3 минути наместо половина час. Неверојатно!

6. Може веднаш да забележите промена. Големи се шансите дека ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од подолга дремка, одморени и енергични. Ова чувство полека ќе избледи но одвреме-навреме ќе се сеќавате на оние нешта за кои сте разговарале со терапевтот и ќе ви се навраќаат позитивните емоции, бидејќи несвесно сте продолжиле да си ги решавате вашите проблеми.

7. Може да забележите и други подобрувања. По хипнозата, често се случува да се забележат позитивни промени во голем број области од животот, дури и ако тие не биле тема на разговор на сесијата. На пример, можеби ќе бидете инспирирани да се исхранувате поздраво или пак, да забележите дека ви се намалил стравот од летање иако со хипнотерапевтот сте разговарале за проблеми со вашата анксиозност.

8. Може да посакате повторно да се вратите. Некои луѓе може да бидат трансформирани од само една сесија, додека пак на други им се потребни неколку повторувања. Од друга страна пак, можеби кај вас хипнозата воопшто нема да работи. Сè зависи од отвореноста на вашиот мозок да оди на несвесно место и да биде отворен за сугестии. Но вреди да се проба, се согласувате?

Прочитајте и за 5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар