8 бизарни нешта што сите ги правиме кога сме шворц

Позната ли ви е ситуацијата кога треба да излезете со вашите пријатели, па пред да ја проверите сметката и заштедата, мислите дека имате доволно, но потоа сфаќате дека сте останале речиси без денар? Во тој момент почнувате да размислувате што да правите и како да се извлечете од ситуацијата. Па, додека чекате да дојде наредната плата, се препуштате на овие бизарни однесувања…

8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без пари

1. Приготвувањето евтина храна станува ваше основно јадење

Додека претходно имавте навика да ги избирате најдобрите производи од продавниците, сега најпрво ја гледате нивната цена…

2. Размислувате за продажба на вашите телесни органи

Дали ви се потребни и двата бубрега? Што ќе ви е долга коса? Би ја купил ли некој? Толку сте очајни што мислите дека подобро ви е да живеете без некој ваш орган отколку да се обидувате да преживеете со тие пари што ги имате до крајот на месецот.

3. Се надевате дека ќе излезете на состанок и дека некој ќе ве чести пијалак

Вие сте силна и независна личност на која не ѝ треба никој за потпирање. Но, уморни сте и гладни и сте изеле сѐ што останало во вашиот фрижидер. Можеби некој прв состанок каде што ќе ви биде платен пијалакот (а можеби и некое јадење) добро ќе ви дојде. Не барате премногу, зар не?

4. Користите шампон во теретана, за да не морате да се туширате дома

Полесно е да се истуширате во теретана, бидејќи ги имате сите погодности и не треба да го трошите вашиот шампон, а исто така ќе заштедите и вода и струја.

5. Се обидувате да седите дома без да вклучите уред за затоплување

Се обидувате да заспиете без да ја затоплите просторијата, со цел да заштедите пари за струја, но набргу сфаќате дека тоа е лоша идеја и дека почнувате да се смрзнувате.

8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без пари

6. Пронаоѓате бесплатни работи, акции и промоции

На пример, се нуди дегустирање на одредени чоколада, бесплатни тренинзи, бесплатно доставување храна… Вие имате испробано сѐ!

7. Се претставувате како „студент“ за да добиете одредени попусти

Сметате дека изгледате доволно младо, а и се надевате дека нема да ви бараат документи за лична идентификација, па да можете да уживате во некои придобивки кои ги имаат студентите.

8. Се обидувате да ја искористите и онаа мала заштеда која ви останала

Не сакате да умрете од глад или да се разболите, па затоа си дозволувате да уживате и во оној последен износ на пари кој ви останал во вашата чанта.

8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без пари


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар