7 здравствени придобивки од прегратките

Вирџинија Сатир, американска семејна терапевтка, тврди дека ни требаат 4 прегратки на ден за опстанок, 8 прегратки на ден за одржување и 12 прегратки на ден за развој. Гушкањето е универзален начин за покажување возбуда, љубов, среќа, па дури и тага. На прегратките треба да им се заблагодарите не само за убавото чувство што го имате кога држите некој во вашите раце, туку и за еден куп придобивки поврзани со вашето физичко и психичко здравје.

7 здравствени придобивки од прегратките

Погледнете каква корист може да има вашето тело од прегратките.

1. Прегратките придонесуваат за подобар имунолошки систем

Прегратките се добар лек во борбата против стресот. Но, тоа не е единствената физичка придобивка од гушкањето. Едно истражување од Универзитетот „Карнеги Мелон“ спроведено заедно со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург покажало дека поддржувањето на другите луѓе со гушкање ги намалува шансите тие да се разболат.

Експериментот опфатил 404 возрасни лица кои биле изложени на вирус што предизвикува настинка. Учесниците биле поделени во 2 групи: на првата група им било дадена поголема поддршка и гушкање, додека на втората група не. Резултатот покажал дека прегратките имале голем ефект врз оние кои редовно добивале прегратки. Тие што добивале прегратки, а сепак се разболеле имале помалку симптоми на болеста.

2. Прегратките го подобруваат вашиот нервен систем

Прегратките го стимулираат нервниот систем преку намалување на чувството на осаменост, преку борба против внатрешните стравови и преку зголемување на самодовербата. Покрај тоа, гушкањето им помага на луѓето да ја почувствуваат вашата благодарност и поддршка, а тоа позитивно влијае врз целокупното здравје на телото.

3. Прегратките го подобруваат крвниот притисок

Друго истражување спроведено на Универзитетот во Северна Каролина докажува дека прегратките се добри за здравјето на срцето.

Околу 200 луѓе биле поделени во 2 групи. Пред да биде изложена на стрес, првата група гледала романтично видео што трае 10 минути, а потоа испитаниците се држеле за раце и се гушкале 20 секунди. Испитаниците од втората група немале допирлив контакт, туку се одморале 10 минути и немале контакт 20 секунди пред да бидат изложени на стрес.

Резултатите покажале дека испитаниците од првата група имале понизок крвен притисок, како и правилни отчукувања на срцето, што значи дека луѓето што редовно добиваат прегратки и поддршка се поотпорни на стрес, а тоа придонесува за нивното кардиоваскуларно здравје.

4. Прегратките прават да се чувствувате посреќно

Окситоцинот е хормон кој прави да се чувствувате среќни и поврзани со другите. Тој се нарекува и „хормон на гушкањето“ бидејќи нивото на овој хормон се покачува кога се гушкате или кога ги допирате другите. Овој хормон има силен ефект врз жените, особено врз оние кои редовно добиваат прегратки.

5. Прегратките ја намалуваат болката

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Њујорк покажало дека некои допири можат да ја намалат болката. Во експериментот, таканаречениот „терапевтски допир“ им помогнал на луѓето што имаат синдром на фибромијалгија да чувствуваат помалку болка. Учесниците во истражувањето изјавиле дека квалитетот на нивниот живот се подобрил за период од 6 сесии од овој третман. Бидејќи прегратката е една од формите на допир, таа може да придонесе и за намалување на болката.

6. Прегратките го намалуваат чувството на замор

Во истражувањето наречено „Значење на прегратките: од однесување при поздравување до импликации при допири“, Лена Форсел и Јан Астром идентификувале неколку големи придобивки од кратката прегратка што трае 10 секунди. Тие истакнале дека прегратките помагаат во борбата против чувството на замор, како и дека придонесуваат за психолошката благосостојба.

7. Прегратките ја намалуваат социјалната анксиозност

Благодарение на окситоцинот, гушкањето помага во борбата против чувството на социјална вознемиреност. Кога ќе пристигнете на забава, обидете се да прегрнете некоја личност што ја познавате и ќе забележите дека ќе бидете посигурни и подружељубиви. Тоа е така затоа што окситоцинот ве инспирира да размислувате позитивно и да имате попозитивен поглед кон светот.

Прочитајте повеќе и за придобивките од физичката интимност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар