7-те основни верувања на Индијанците за соништата

Соништата се важен дел од културата на Индијанците. Тие веруваат дека соништата се продолжение на реалноста, можност за патување во други димензии и можност за комуницирање со предците и духовните водичи. Индијанците ги учат нивните деца да ги помнат нивните соништа за да можат да ги користат како духовни водичи и исцелители. Во продолжение погледнете ги 7-те основни верувања на Индијанците за соништата.

7-те основни верувања на Индијанците за соништата

1. Имаме три души

Индијанците веруваат дека луѓето имаат три души и секоја е со своја цел. Првата душа е наречена душа на егото и се наоѓа во здивот на личноста. Втората е душата на телото и главната цел ѝ е да му дава енергија и животна сила на телото кога сме будни. Третата душа е слободна и може да го напушта телото и да патува низ други димензии кога сме во кома, состојба на транс или кога сонуваме.

2. Светот на соништата е реален колку и физичкиот свет

Според Индијанците, во соништата го искусуваме светот на шаманите. Тие веруваат дека сè е живо и поврзано со сè останато. Можеме да патуваме во други димензии, па дури и да разговараме со животни, духовни водичи, па дури и со нашите предци кога сме на астрално патување во соништата. Индијанците веруваат дека не сонуваат нашите тело или ум, туку дека сонува нашата душа.

3. Нашите души се способни за комуникација и астрално патување

Астралното патување е техника при која душата го напушта телото на одреден период и патува до астралната димензија за да научи нешто. Душата може да комуницира со други души, животни или други битија. Астралното патување може да се изведе и во свесна и будна состојба, како и во несвесна и состојба на сон.

Астрално патување за време на сон

Многу луѓе го искусиле астралното патување во нивните соништа без воопшто да бидат свесни за тоа. Душата сама го прави ова со цел да ја забрза нејзината духовна еволуција.

Астрално патување во будна состојба

Ако сте заинтересирани за свесно астрално патување, можете да ја „истренирате“ вашата душа со алатки како шамански тапани, вежби со дишење или со пијалакот ајахуаска.

4. Животот е еден голем сон

Индијанците веруваат дека животот е еден голем сон, слично како концептот Маја на хиндуизмот и будизмот. Тие нагласуваат дека ништо не е постојано и сите живееме во сон.

5. Она што се случува во светот на соништата има последици

Според индијанското племе Хурон личноста има две души, а не три. Едната го имитира физичкото тело, а другата се протега над физичките активности. Втората душа патува за време на соништата и комуницира со други души и водичи. Кога ќе се врати во телото, ги „споделува“ искуствата и учи преку соништата. Според племето Хурон, важно е да се учи од овие соништа за двете души да се обединат и повторно да станат едно.

6. Имаме духовни водичи и можеме да ги контактираме преку нашите соништа

Многу луѓе кои се на духовно патување работат на нивната душа во текот на спиењето. Многу од увидите и учењата потекнуваат од луцидното сонување. Во културата на Индијанците се обрнува многу внимание на работењето во текот на сонот. Луѓето се охрабрувани да ги помнат нивните соништа и да бараат помош од шамани кои ќе го протолкуваат значењето на сонот и ќе им помогнат на продолжат на духовното патување.

7. Соништата се важен дел од лекувањето на губењето на душата

Според шаманските култури, нашата душа го напушта телото кога сме изложени на многу стрес или поради некој трауматичен настан. Овој процес е познат како губење на душата. Враќањето на душата е навистина моќна шаманска техника. Шаманите им помагаат на луѓето да откријат каде се наоѓа нивната душа преку нивните соништа. Понекогаш и самиот шаман влегува во состојба на транс со цел да ја најде изгубената душа. Кога душата ќе се врати во телото, личноста ќе оздрави и во неа ќе се врати виталноста.

Прочитајте ги и овие неверојатни факти за соништата што сигурно не сте ги слушнале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар