7 работи што не сте ги знаеле за најдолгиот пат во светот

7 работи што не сте ги знаеле за најдолгиот пат во светот

Мајкл Штрасер ја носи титулата најбрз велосипедист кој го поминал патот на две тркала. Му биле потребни 84 дена, 11 часа и 50 минути за да го стори тоа.

1. Панамериканскиот пат е најдолгиот пат во светот според Гинисовата книга на рекорди. Главната траса се протега на околу 30 000 километри и ги поврзува Северна и Јужна Америка.

2. Панамериканскиот пат се состои од многу долга мрежа на меѓусебно поврзани патишта во 14 американски земји: САД, Канада, Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Костарика, Панама, Колумбија, Еквадор, Перу, Чиле и Аргентина.

3. Со исклучок на сто километри дождовна шума помеѓу Панама и Колумбија, позната како Дариен Гап, Панамериканскиот пат ги поврзува сите крајбрежни земји долж Тихиот Океан на двата американски континенти.

4. Ако возите просечно осум часа на ден, ќе ви требаат три месеци да го извозите овој пат. Просечен турист кој сака да ја истражува оваа околина поминува во просек 6-18 месеци.

5. Аргентинецот Мајкл Штрасер ја носи титулата велосипедист кој најбрзо го преминал овој пат. Му биле потребни 84 дена, 11 часа и 50 минути за да го стори тоа. Рекордот бил соборен во октомври 2018 година.

6. Концептот за единствен пат што ги поврзува двете Америка потекнува од 19-тиот век, но првите сериозни чекори за да се постигне тоа биле направени во 1923 година. Првичниот план бил да се изгради пруга што ќе ги поврзува двата континенти, но со зголемената употреба на патнички автомобили било одлучено да се изгради пат.

7. Иако ова е најдолгиот пат за моторни возила во светот и поминува низ разновиден пејзаж – од песочни плажи, дождовни шуми и планини до глечери, малку туристи избираат да возат по него бидејќи повеќето туристички атракции во Јужна и Северна Америка се наоѓаат настрана од овој пат.

Прочитајте што може да се купи на најчудните пазари во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар