7 познати компании што користат детски робови за да ја направат вашата омилена чоколада

Деца помлади од 15 години, некои дури и на 5-годишна возраст, работат од шест наутро до доцна навечер во Западна Африка, во фарми за какао што се поврзани со Нестле, Крафт, Марс, Годива, Кит Кат, М&М, и многу други познати компании кои произведуваат чоколади.

7-poznati-brendovi-shto-koristat-detski-trud-kafepauzamk

Во септември 2015 година, тројца адвокати од Калифорнија поднеле легално обвинение против Нестле, Марс и Хершис поради затворање очи пред непочитувањето на човековите права од страна на нивните доставувачи за какао од Западна Африка. Во моментов, Нестле, Каргил и АДМ се соочуваат со три одвоени тужби покренати од страна на фармери од Мали кои тврдат дека работеле на нивните фарми за какао како детски робови.

Документарецот од 2000-тата година, под наслов „Ропство“, ни открива дека чоколадната индустрија е длабоко поврзана со злоупотребата на детскиот труд. Еден чувар на 19 деца робови, кој успеал да избега, ни раскажува за шокантното секојдневие на децата кои работат против нивната волја од зора до вечер и редовно се тепани, малтретирани и изгладнувани. Пребегнатиот чувар раскажувал дека повеќето од децата се буквално продадени за малку пари од страна на нивните родители кои живеат во многу сиромашни земји како што се Мали, Буркина Фасо и Того, но дека има и многу деца кои биле киднапирани од нивните домови за истата цел.

Во продолжение прочитајте кои се 7-те најпопуларни компании за производство на чоколади кои го искористуваат детскиот труд, дефиниран како детско ропство, на своите фарми за какао.

Нестле

Активисти и истражувачи од Асоцијацијата за слободен труд, нашле докази дека вработените во компанијата Нестле принудувале работници на прекувремена тешка и ризична работа, а постојат докази кои потврдуваат дека тие користат детски труд и принудуваат деца да работат повеќе од 14 часа на ден во екстремно тешки услови.

Хершис

Најголемиот произведувач на чоколади во САД ги добива основните состојки за своите производи од фарми за какао кои се редовно на списокот на најозлогласени места што користат трговија со луѓе, детски труд и детски робови. Во 2012 година биле покренати иницијативи да се добијат одговори дали луѓето на високи позиции во компанијата знаат за тоа кој го произведува какаото што го користат и во какви услови тие работат.

Марс

Во 2009 година, Марс се обврзале дека од 2020 ќе почнат да користи единствено какао со декларирано потекло, односно какао за кое е утврдено дека не се користени деца како робови или други злоупотреби на човековиот труд. Кога биле прашани зошто баш од 2020 година, а не веднаш, компанијата за чоколадни производи излегла со соопштение дека е премногу тешко да се утврди постапката при производството на какао во сите фарми во Африка поради нивниот енормно голем број, и дека рокот од десет години што си го задале, е доволен тоа да се стори квалитетно.

Таканаречениот Харкин-Енгел протокол што во 2001 година беше потпишан од голем дел учесници во индустријата со какао, нè увери дека до 2005 година ќе се стави крај на детското ропство како извор на труд. Потоа, рокот беше продолжен до 2008, а потоа уште еднаш до 2010. Сега е 2016, а извештајот на оваа тема од 2015 година, покажува дека не само што не е намален, туку бројот на деца робови во чоколадната индустрија е рапидно зголемен. Бројот на деца кои работат на фармите за какао изнесува 1,4 милиони, од кои 1,1 милиони живеат како робови.

(1) 7-poznati-brendovi-shto-koristat-detski-trud-kafepauzamk

АДМ, Крафт, Годива и Фовлерс

Сите овие компании за производство на чоколади се соочиле со бројни тужби од страна на работници кои успеале да избегаат од ужасно тешките услови на фармите за какао. Повеќе од 60% од светското производство на кафе, вклучувајќи го и она што го користи компанијата Годива, се произведува во Западна Африка. Годива досега нема направено никакви напори да ги подобри условите на своите фарми, ниту пак спровеле какво и да е истражување да се утврди дали и колку детски труд и ропство се користи за производство на какаото кое го користат во своите производи.

Документарецот во продолжение, продуциран од ББС во 2010 година, ни покажува дека дури и за производите што имаат потврда дека не се користеле деца во изработката е сосема неизвесно дали тоа навистина е така.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар