7 необични нешта што вашиот глас ги открива за вас

Потребна е помалку од една секунда за да се открие личноста преку гласот. Можеби делува неверојатно, но гласот може да каже многу нешта за вас. Тој не само што е уникатен туку и понекогаш содржи неочекувани информации. Па така, навистина е изненадувачки фактот што луѓето можат да ја откријат вашата висина, сила и други карактеристики само слушајќи ве додека зборувате, а притоа воопшто не мора ни да ве видат.

7 необични нешта што вашиот глас ги открива за вас

Еве 7 необични нешта што луѓето можат да ги откријат за вас врз основа на вашиот глас.

1. Дружељубивост

Вашиот глас е индикатор на вашата личност, или поточно кажано, одредува дали сте екстроверт или интроверт. За време на една студија, на луѓе им било пуштано да слушаат компјутерски генериран говор, кој бил обработен за да звучи како гласови на интроверти и екстроверти. Како резултат, учесниците можеле да ги идентификуваат карактерите. Екстровертите зборуваат побрзо и погласно, додека интровертите се изразуваат посмирено и потивко.

2. Доверливост

Едно едноставно „Здраво“ преку телефон може да му открие на соговорникот колку сте доверливи. Во друга студија, волонтери слушале 64 различни верзии од овој збор. Скоро сите учесници ги избрале мажите кои на крајот на зборот го подигаат гласот повисоко како подоверливи. За жените било обратно, за подоверливи биле сметани оние кои имале поснижен изговор на крајот на зборот.

3. Висина

Вашиот глас може да посочи и колку сте високи. Во рамките на два експерименти, луѓето биле прашувани да го идентификуваат повисокиот од двајца говорници и да подредат 5 говорници по височина. Во 62,17% од случаите, учесниците можеле да ги разликуваат повисокиот од понискиот говорник. Колку е повисока личноста, толку гласот е понизок и подлабок.

4. Плодност

Менструалниот циклус не само што влијае на расположението и хормоналните промени, туку го менува и гласот. Според оваа студија, гласот станува повисок кога се наближува периодот на овулација. Па така, жените со повисок тон на зборување можеби се и поплодни.

5. Сила

Гласот може да ја одреди и силата на мажите, односно силата на горниот дел од нивното тело. Учесниците во една студија слушале гласови на мажи од различни земји, зборувајќи на нивниот мајчин јазик, и притоа ја оценувале нивната сила. Како резултат, тие можеле прецизно да одредат колку се силни мажите. Колку посилен маж, толку подлабок глас.

6. Професионалност

Вашиот глас може да има влијание и на вашата кариера. Оваа студија открила дека луѓето со длабок рапав глас делуваат помалку едуцирано и понекомпетентно. Ова е особено точно за жените и дури може да влијае на одлуката на работодавецот за вработување.

7. Паркинсонова болест

Пациентите кои се дијагностицирани со Паркинсонова болест имаат побавно темпо на зборување, гласот им станува потивок и често остануваат без здив. Тие почнуваат да зборуваат помонотоно, а во подоцнежните фази се појавува и позабележливо треперење.

Дали вие ги проценувате луѓето според начинот на кој зборуваат? Успевате ли точно да откриете некои од овие карактеристики за нив?

Погледнете ги и овие 8 мали нешта поради кои луѓето несвесно ве осудуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар