6 грешки во преводот што направиле голема разлика

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Важноста на точниот превод станува очигледна кога ќе се откријат грешките. Талентот на преведувачот не е само во знаењето на странски јазици, туку и во вниманието што им го обрнува на деталите, како и способноста да ја согледа и анализира големата слика. Понекогаш, дури и најмалите грешки можат да предизвикаат сериозни, па дури и трагични последици. Историјата би можела да добие сосема нова насока поради мала грешка во преводот. Во продолжение погледнете некои фатални грешки во преводот, од кои некои го промениле текот на историјата.

1. Дали Ева била направена од реброто на Адам?

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Многу луѓе се убедени дека првата жена, Ева, била направена од првиот маж, Адам. А понекогаш дури и не го поставуваме прашањето зошто Бог го одбрал токму реброто на Адам за да ја создаде Ева. Всушност, оваа информација не е ништо повеќе од грешка во преводот. Преведувачот веројатно не знаел дека хебрејскиот збор tsela има две значења – ребро и рефлексија. Па, Бог ја создал жената како рефлексија на мажот.

2. Непријатните зборови на Џими Картер

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Во 1977-ма година, тогашниот претседател на САД, Џими Картер, ја посетил Полска. Бил придржуван од толкувач на јазици. Картер го започнал неговиот говор со поздрав: „Дојдов да го откријам вашето мислење и да разберам што сакаат луѓето од Полска во иднина.“ Толкувачот ги превел зборовите како: „Сакам да имам интимност со луѓето од Полска.“

Но, ова не бил крајот на проблемите на Картер. Неговите зборови: „Ја напуштив САД ова утро…“ биле претворени во „Ја напуштив САД, за никогаш да не се вратам.“ Говорот на претседателот бил исмејуван долго време.

3. Полесно ѝ е на камилата да помине низ игла, отколку на богатиот да влезе во Божјото царство

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Познатите зборови на Исус: „Полесно ѝ е на камилата да помине низ игла, отколку на богатиот да влезе во Божјото царство“ се појавуваат два пати во Библијата. Додека некои луѓе веруваат дека ова е само хипербола, другите сметаат дека иглата ја претставува тесната порта на тврдината во Ерусалим. Но всушност овој поетски цитат е резултат на мешање на два збора – kamelos (камила) со kamilos (конец, јаже). Па најверојатно поточен е преводот: „Полесно е конецот да помине низ игла, отколку богатиот да влезе во Божјото царство.“

4. „Кучешки“ Острови

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Постои популарно недоразбирање дека Канарските Острови го добиле името по канаринците што живеат таму. Но, важи обратното – птиците го добиле името по островот. Островите биле именувани поради големиот број кучиња што живееле на нив, и диви и питоми. Името Канарски потекнува од латинскиот збор Canariae Insulae, што би можело да се преведи како Кучешки Острови. Според друга верзија, фоките кои живееле во големи групи, порано биле нарекувани кучиња.

5. Договорот Ваитанги

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Во 1840-та година, Британците потпишале договор со поглаварите Маори, според кој Нов Зеланд станал британска колонија. Се верува дека овој договор е почетокот на државата Нов Зеланд. Првично, договорот бил напишан на англиски, а потоа бил преведен од локален мисионер. Преведениот текст содржел многу грешки и разлики од оригиналот, па имало многу контрадикции. Сепак, локалните жители се согласиле со условите без воопшто да го прочитаат текстот.

По потпишувањето, Британците добиле целосна контрола над домородното население и имале право да продаваат земја – нешто што не било дел од преведениот документ. Луѓето Маори почнале вооружени бунтови, а новата власт се борела против нив. Во 19-тиот век, властите во Нов Зеланд одлучиле да ги прогласат документите за неважечки.

6. Збор што чини 70 милиони

6 грешки во преводот што направиле голема разлика

Во 1980-та година, Шпанецот по име Вили Рамирез бил примен во американска болница. Тој бил во критична состојба, но семејството не можело да објасни што му е бидејќи никој не зборувал англиски. Рамирез имал труење со храна. Еден од докторите направил грешка во преводот, па лекарите мислеле дека Рамирез е пијан или консумирал премногу дрога. По погрешната дијагноза, лекарите започнале третман што предизвикал компликации и парализа на екстремитетите. Поради ова, болницата му исплатила на Рамирез 70 милиони евра за оштета.

Погледнете и кои историски факти најверојатно се лажни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар