6 феномени кои науката не може да ги објасни

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Денес науката е моќна, но не е семоќна. И покрај многубројните секојдневни откритија и револуционерни пронајдоци, сепак постојат и такви појави кои научниците не можат да ги објаснат и остануваат вистинска мистерија за човештвото. Во продолжение прочитајте ги 6-те најпознати феномени на кои науката сѐ уште не дала објаснување.

1. Шумот од Таос

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Низ годините, жителите на Таос – мало гратче во југозападниот дел на Америка, слушаат звук со мала фреквенција од непознато потекло. Тој доаѓа некаде од пустината и сличен е на тешки возила кои се движат по автопат, иако нема големи патишта околу градот. Шумот често пати води до сериозни ментални нарушувања и самоубиства кај луѓето што го слушнале. Некои од жителите сметаат дека е лош предзнак, а научниците сѐ уште не можат да го најдат неговиот извор.

2. Дежа ву

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Дежа ву е француски израз кој значи „веќе видено“. Тоа е чудно чувство што нѐ тера да помислиме дека веќе сме искусиле некоја ситуација. Моќта во имањето дежа ву е во чувствувањето дека има стотици различни патишта кои можат да ве одведат до одреден момент во времето. Чувствувате дека веќе сте го доживеале моментот, и оттогаш сте направиле доволно одлуки што ќе предизвикаат да биде невозможно да се случи уште еднаш. Но, сепак се случило, па можеби тоа е вашата судбина? Научниците имаат разни тврдења и претпоставки за овој феномен, од промените во координацијата на времето во нашиот мозок до повторувањето на некои сцени во нашите соништа. Но, тешко е да се истражи бидејќи нема начин да се предизвика вештачки.

3. Визии што ги искусуваат луѓе кои дошле блиску до смртта

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Луѓето кои искусиле клиничка смрт понекогаш кажуваат дека имале визии од светло на крајот од тунелот, чувство на летање, средби со роднини и слично. Феноменот е наречен „искуство блиску до смртта“. Главниот проблем е тоа што мозокот скоро запира со работа откако ќе запре срцето, што значи дека мртвата личност не може да почувствува или искуси нешто. Постојат теории кои го објаснуваат не само овој проблем, туку и проблемите со секој тип визија. Но, она што науката не може да го објасни е зошто некои пациенти се сеќаваат што им се случувало за време на реанимацијата, до најситен делат.

4. Духови

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Можеме да го најдеме првото спомнување на духовите во историските легенди, но и во денешната литература. Не само што постојат колективни докази од луѓе кои сретнале духови, туку и факти како фотографии и видеа. Научниците разоткриваат бројни паранормални феномени објаснувајќи ги како масовна хистерија, психички нарушувања и разни труења. Но, постојат неколку случаи кои едноставно не можат да се објаснат со една теорија.

5. Интуиција

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Понекогаш ја викаме и шесто сетило. Науката сѐ уште не може да ја објасни природата на овој феномен. Некои научници тврдат дека сите имаат претчувство кога треба да направат некаков избор. Тие велат дека ја имаме оваа способност од раѓање, но, развивајќи само 5 од нашите сетила, ние со тек на време забораваме како да ја користиме.

6. Плацебо ефект

6 феномени кои науката не може да ги објасни

Плацебо ефектот е една од најголемите неразрешени мистерии во медицинската наука. Не е јасно како само чистата верба во исцелителните моќи на едно „празно апче“ кое го зема пациентот, може да го излечи телото. Независно дали станува збор за настинка или рак, понекогаш сугестијата може да помогне и со најтешките болести. Доколку еден човек може да се излечи од фатално заболување само со помош на неговиот мозок, зарем тоа не докажува дека нашите способности се бескрајни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар