57 теми за вашата следна забава - Part 3

57 теми за вашата следна забава

31. Мустаќи забава

Направете ги сите можни варијанти на мустаќи – за секој гостин различни мустаќи, земете го апаратот и направете забава за паметење.

7-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

32. Дивали забава

Дивали е познат Хинду фестивал на светлата. Па, така и вие направете убава атмосфера со различни осветлувања, микс од сијалици и свеќи.

33. Облечете се како лик од уметничко дело

Може тоа да биде Мона Лиза или како девојката со Бисерна обетка.

34. Матурска вечер

Матурската вечер дојде и си пројде, но тоа не значи дека не може повторно да ја оживеете.

35. Лов на велигденско јајце

Насекаде на дофат да има чоколадни велигденски јајца!

36. Забава во џунглата

Сакате да доловите ефект на дождовна шума? Ставете што е можно повеќе растенија, а вие облечете се како некое домородно племе, па дури и сами создавајте музика.

37. Коктели по соба

Ова значи да се поделите по групи, секоја група во различна соба и да правите различни коктели. Така секоја соба (група) ќе може да се претстави со свој коктел.

38. 007 Забава

Тајни агенти и Бонд девојки, повелете на сцена!

39. Господар на прстените

Во текот на огромната популарност на овој филм, дури и Шон Паркер ја направи својата свадба со тема „Господар на Прстените“. Па зошто да не пробате и вие?

8-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

40. Зимско кралство

Направете сè да е бело наоколу и облечете се и вие во бело!

50. Вистина или предизвик

Никогаш не сте толку стари да не можете да играте Вистина или предизвик.

51. Волшебникот од Оз

Не постои место како дома. Позајмете идеја од „Волшебникот од Оз“ и потрудете се сите да имаат црвени чевли.

52. Модна писта

Бидете супер модели и направете одлични фотографии.

53. Гангстерска забава од 1930-те

Сицилијанска, Руска, Американска мафија – сосема неважно. Вашите гости се сега најголемите гангстери.

54. Пиво забава

Секаков вид пива. Ваквата забава ќе ја ценат љубителите на пивото.

57 теми за вашата следна забава

55. Коко Шанел забава

Обидете се да го доловите стилот на Шанел и направете една таква забава каде целиот декор ќе биде црно-бел.

56. Црвена соба

Еротска и романтична, целата забава обоена во црвено – црвени декорации, цветови, алишта!

57. Мултинационална забава

Руси, Јапонци, Германци, Шпанци и многу други националности сите на едно место. Пробајте да направите забава во која секој ќе треба да изведе некоја точка во склад со неговата маска.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар