57 теми за вашата следна забава - Part 2

57 теми за вашата следна забава

13. Сладолед забава

На кого му е потребна солена храна кога вие ќе имате полн фрижидер сладоледи. Сладоледи во сите можни вкусови, со топла карамела, со чоколадни преливи и чоколадни зрнца. Уживајте во бомбата од вкусови!

4-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

14. Читачки клуб

За сите оние кои повеќе уживаат во читањето на Толстој отколку во беснеење во преполни клубови. Гостите меѓусебно нека си ги разменат своите омилени книги.

15. Хавајска традиционална забава

Овде сите ќе бидат хавајски облечени, ќе играат и ќе пијат различни типични пијалаци за тоа поднебје.

16. Казино вечер

Подгответе ги чиповите и направете тематска забава со карактеристични пијалаци и храна.

17. Забава на грди џемпери

Ова е најлесната варијанта нели? Земете ги сите стари „демоде“ џемпери од сите постари членови на семејството. Направете забава и натпревар „Најгрд џемпер“.

18. Златна забава

Златна храна, пијалаци, златни декорации, златни костими, златно сè!

19. Алиса во земјата на чудата

Дадете задача некој да се облече како Шапкар и послужувајте пијалаци во распар шолји за чај.

20. Каракоке

Прво набавете микрофон, потоа погрижете се сите да имаат доволно за пиење, за забавата лесно да тече. Можете да организирате и натпревар.

5-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

21. Карневал

Се подразбира дека сите треба да бидат маскирани, а вие треба да го подготвите амбиентот за карневал, поточно набавете шеќерна волна, шеќерни јаболка и секако позитивна енергија.

22. Пиратска забава

Сериозно ви треба повод за ваква забава?

23. Кафе во Париз

Донесете го Париз во мало. Храна, кафиња, алкохолни пијалаци, мода од Париз, донесете го срцето на Париз на вашата забава.

24. Луди научници

Секој гостин нека си одбере каков научник ќе биде. А вие декорирајте ја храната со чудни лабораториски теми.

25. Темна забава

Пред сè направете елегантни покани за вашите гости, потоа кажете им на сите да бидат облечени во црна елегантна облека и да носат маски. Направете темна и мистериозна атмосфера.

26. Ана Каренина

Царска Русија, Ана Каренина. Чувствувајте се богато, со многу бои, гламурозни алишта и накит.

6-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

27. Вечер под ѕвездите

Повторно за оние кои имаат двор. Направете кино на отворено во вашиот двор. Направете пуканки, земете удобни столици и повикајте го вашето друштво.

28. Гејши и Самураи

Токму така облечете се и декорирајте го просторот да потсетува на јапонски стил.

29. Вечер на старите добри времиња

Извадете ги вашите стари алишта, облечете се исто како од пред 10 и повеќе години.

30. Барби куќа од соништата

Распостелете розово низ вашиот дом!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар